Connect with us

Лични финансии

ПОПУСТ – Реалност или фикција?

Објавено

на

Во соработка со Македонската Асоцијација за Продажба во периодот што следи ќе објавуваме текстови кои ќе ви помогнат да ги подобрите продажните вештини, да ја зголемите самодовербата и да го подобрите вашиот продажен ефект.

Во духот на “Black Friday”, би сакале да ја подариме оваа статија на 100% попуст, а воедно да елаборираме за позитивните и негативните страни на попустот и нивното влијание на бизнисот но и на купувачот.

Што значи ПОПУСТОТ?

Попустот е активност која се презема од страна на продавачот преку намалување на првично дефинирана цена на производот или услугата, најчесто изразена како процент. Ваквата активност се презема од неколку бизнис аспекти: како намалување на заостанатата залиха, остварување на поголем концентриран прилив за краток период, привлекување на нови потрошувачи или зголемување на потенцијални купувачи, промовирање на нови услуги и производи, а пред се продуцирање на афектни емоции кај купувачите односно купување во афект. Купувачот пак ваквата активност ја перцепира како купување на омилениот производ или услуга по пониска цена што создава чувство на паметно купување и остварување на заштеда без рестрикции во сопствениот буџет.

Доколку се земе претходното во предвид може да се констатира дека ПОПУСТОТ е win- win ситуација за сите и дека имаме взаемно задоволство на двете страни.

За жал реалноста не ги потврдува само овие позитивни ефекти, односно спротивното, реалноста покажува дека со ваквата активност може да се наруши довербата во брендот, менување на перцепцијата за првичните цени, намалување на кумулативната годишна маржа, менување на купувачкото однесување, несоодветен третман на исти купувачи, прекршување на законот за заштита на потрошувачи како и уште многу други долгорочно негативни ефекти. Ваквите ефекти во менаџирањето на бизнисот може да предизвикаат до непланирана употреба на стратегијата на намалување на трошоците, дополнителни средства заради нови начини за повторно зајакнување на брендот, а во некои случаи дури и до менување на бизнис моделот, односно напуштање на конкретната дејност.

Затоа при користење на оваа активност мора да се има соодветна стратегија, односно добро планирање на времето кога да ја спроведете активноста и на кои производи, да истражите како ќе влијае на вашата група на купувачи, колку да изнесува попустот како и да го проектирате очекуваниот финансиски ефект на бизнисот.

Покрај несоодветното планирање на стратегијата, како фактор кој може да предизвика негативни ефекти е НЕИСКРЕНОСТА при користењето на попустот од страна на компаниите, особено изразена на нашиот пазар, користејќи “манипулативни” методи за остварување на краткорочна цел преку злоупотреба на чувството на купување во афект.

Во овој контекст би сакале напоменеме некои интересни негативни примери кои често се употребуваат на нашиот пазар, и тоа:

– зголемување на цените неколку недели пред попустот – затоа често се случува цената на попустот да биде слична со онаа која сте ја виделе претходно.

– користењето на фразата “до” одреден попуст– оваа фраза најчесто се користи заради непрекршување на законот како и за намалување на критиките од потрошувачите поради тоа што кога ќе влезете може да видите дека со таков или сличен попуст има само неколку артикли додека се останато е со попуст кој би го добиле речиси било кога, доколку го побарате.

– СЕ Е НА одреден попуст – ова значи дека во тој продажен објект се треба да биде согласно наведеното, но во практиката откога ќе влезете ви кажуваат дека тоа е само на една колекција или еден дел од производите и сл.

Како резиме на статијата би препорачале поголема свесност од страна на продавачите, земајќи во предвид дека купувачите се многу поинформирани од предходно, а додека на купувачите би им препорачале не избрзувајте и убаво читајте се зошто секој “попуст” не е попуст.

Автори: Тимот на Македонска асоцијација за продажба

Лични финансии

Генерали Инвестментс советува: Диверзификација на портфолиото е чекор во вистинска насока

Објавено

на

Портфолио менаџерите во Генерали Инвестментс составија резиме за тековните случувања кои влијаат врз пазарот на капитал и актуелни совети за инвеститорите. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Генерали Инвестментс советува: Не е паметно целото портфолио да биде инвестирано во акции, ниту пак во обврзници или депозити

Објавено

на

Портфолио менаџерите во Генерали Инвестментс составија резиме за тековните случувања кои влијаат врз пазарот на капитал и актуелни совети за инвеститорите. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Неколку совети за заштеда на пари

Објавено

на

Со штедењето на пари може да се изгради мало богатство кое ќе биде од голема помош во иднина. (more…)

Продолжи со читање

Популарно