Connect with us

Домашни банки

Понуда од УНИБанка за промена на договорни услови на кредитни изложености на физички лица

Објавено

на

Врз основа на одредбите од Законот за облигационите односи, Уредбата со законска сила за начинот на промена на договорни услови на кредитни изложености кај банките и штедилниците (Службен весник бр.80 од 27.03.2020 година) и Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за методологија за управување со кредитниот ризик на НБРСМ (Службен весник бр.76/20 од 24.03.2020 година), а заради ублажување на потешкотиите кај дел од клиентите во враќањето на кредитната изложеност кон Универзална Инвестициона Банка АД Скопје предизвикани со КОВИД-19 кризата, УНИБанка ја објавува следната понуда.

Понудата се однесува на сите клиенти – физички лица, кои користат кредити со ануитетска отплата, кредитни картички и дозволени пречекорувања на трансакциска сметка, со кредитна изложеност во Банката со класификација А, Б и В и кои на датум 29.02.2020 година немаат статус на нефункционална кредитна изложеност.

Услови на Понудата по типови на продукти

👉I Договори за кредити со ануитетска отплата (потрошувачки, станбени, хипотекарни)

Грејс период: УНИБанка одобрува грејс период на месечните ануитети (главница и камата), од 6 месеци, при што првиот нареден ануитет ќе доспее по 10 октомври 2020 година, на датата на негово доспевање согласно актуелниот амортизационен план.

Пролонгирање на рокот на отплата: УНИБанка одобрува соодветно пролонгирање на крајниот рок на важност на договорот, со цел да се задржи висината на сегашниот ануитет.

👉 II Кредитни картички

Грејс период: Во периодот 01.04. – 30.09.2020 година 6 (шест) месеци), износот на месечниот минимум за плаќање ќе изнесува 0% од искористениот кредитен лимит на крајот од месецот, односно НЕМА да достасува месечен износ за плаќање.

Камата пресметана за време на грејс периодот: Во грејс периодот УНИБанка ќе пресметува и наплатува камата и редовни месечни надоместоци согласно одредбите предвидени во Договорот за кредитна картичка.

Рок на користење на кредитната картичка: за кредитните картички кои достасуваат во периодот од 01.04 – 30.09.2020 година и имаат искористен дел од кредитниот лимит, рокот на користење, Банката, автоматски го продолжува за нови 12 месеци.

👉III Дозволено пречекорување на трансакциска сметка (овердрафт)

Одобрен износ на дозволено пречекорување: Износот на дозволеното пречекорување нема да се намалува до 30.09.2020 година, без оглед дали на сметката има редовен месечен прилив.

Рок на користење на дозволеното пречекорување: за дозволените пречекорувања кои достасуваат во периодот од 01.04 – 30.09.2020 година и имаат искористен дел од кредитниот лимит, рокот на користење, Банката, автоматски го продолжува за нови 12 месеци.

Камата: Во периодот 01.04. – 30.09.2020 година, УНИБанка ќе пресметува и наплатува камата согласно одредбите предвидени во Договорот со кој е регулирано дозволеното пречекорување. За износот на пресметана и наплатена камата, Банката ќе го зголеми износот на дозволеното пречекорување и сметката нема да има третман на недозволен минус.

Клиентите – физички лица, корисници на некој/и од наведените кредитни продукти, солидарните должници и заложните должници, кои ги исполнуваат условите од оваа Понуда и кои сакаат да продолжат со редовна отплата на своите кредитни изложености, без промена на договорните услови, имаат право, во рок од 10 (десет) дена од објавата на оваа Понуда на интернет страната на Банката www.unibank.mk, а најдоцна до 10.04.2020 година, 18.00 часот, да ја ОДБИЈАТ истата, со писмено известување преку долунаведениот линк или на адресата на УНИБанка, притоа јасно наведувајќи дека ја ОДБИВААТ понудата, за сите или за некој/и од погоренаведените кредитни продукти.

Клиентите – физички лица кои нема да ја одбијат Понудата во горенаведениот рок, се смета дека истата ја прифатиле и наведената промена во договорните услови станува составен дел на склучените договори со клиентите, солидарните должници и заложните должници.

По истекот на горенаведениот рок на Понудата, правното дејство на променетите услови од договорите за кредитна изложеност ќе има важност на целокупната договорна пропратна документација (амортизациони планови, трајни налози и друга документација), сите нотарски исправи и обезбедувања (договори за залог владетелски-невладетелски, меници, гаранции, договори за осигурување/полиси за осигурување, договори за пристапување кон долг, и останати договори за било какво друго обезбедување) и тоа без склучување на нови договори/анекси кон постоечките договори, нотарските исправи и останатите инструменти на обезбедување, како и без да се врши промена на веќе запишаните податоци во јавните книги.

Прифаќањето на понудата претпоставува кумулативно прифаќање на сите наведени услови по секој поединечен продукт.

Договорните одредби од постоечките договори, кои не се предмет на промена со оваа понуда, остануваат во важност.

Важни информации:

*Клиентите физички лица кои сакаат да ја ОДБИЈАТ Понудата, можат да го достават своето писмено известување до Банката, на еден од следните начини:

  • по електронски пат со пополнување на link форма,
  • на адреса на Банката: ул. Максим Горки бр. 6, 1000 Скопје

Клиентите – физички лица кои ја прифатиле Понудата, НЕ ИСПРАЌААТ никакво известување до Банката, а за сите информации околу новите, променети услови за враќање на кредитната изложеност, можат да се обратат директно или на мејл адреса на некоја од експозитурите на Банката.

Контактите од сите експозитури на УНИБанка можете да ги најдете на интернет страницата на Банката, односно преку следниве линкови:

Домашни банки

Признание од „Global Finance“ за Комерцијална банка за извонредно кризно лидерство

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје се стекна со признание за Distinguished Crisis Leadership in 2020 (Истакнато кризно лидерство во 2020 година) од страна на угледниот магазин „Global Finance“. Признанието е резултат на максималните напори што ги вложи Банката во услови на пандемија за да ги задоволи потребите и да им помогне на своите клиенти, да ги заштити своите вработени и да обезбеди поддршка на општеството. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

ТТК Банка АД Скопје со нова експозитура во Скопје, Дебар Маало

Објавено

на

На 28 октомври 2020 година ТТК Банка АД Скопје свечено ја отвори новата експозитура во Дебар Маало во Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

МБА: Македонскиот банкарски систем е стабилен и укинувањето на дозволата на една мала банка не ја доведува во прашање стабилноста на системот

Објавено

на

Македонската банкарска асоцијација следејќи ги најновите настани и дискусии во јавноста одржа состанок на кој се дискутираше за здравоста на банкарскиот систем и улогата на Народната банка. (more…)

Продолжи со читање

Популарно