Домашни банки
Понуда од Стопанска банка а.д. Битола за промена на договорните услови за кредитни производи на правни и физички лица

Стопанска банка а.д. Битола како дел од економскиот систем на земјата целосно ја разбира сериозноста на ефектите кои ќе бидат предизвикани од корона – кризата. Во таа насока со цел да се минимизираат потенцијалните негативни последици од кои ќе бидат засегнати сите клиенти, Банката креираше посебна ПОНУДА за промена на договорните услови за кредитни производи на правни и физички лица.
Со креирањето на оваа понуда за своите клиенти Стопанска банка а.д. Битола ја изразува својата поддршка за процесот на олеснување на кредитните обврски на клиентите.
Покрај креирањето на оваа понуда, Стопанска банка а.д. Битола ќе ги почитува и насоките на Народната банка и нема да исплаќа дивиденди, односно, остварената добивка во изминатата година Банката ќе ја искористи единствено за обезбедување на поддршка на граѓаните и компаниите.
Понудата за промена на договорните услови за правни лица содржи:
1. Промена на планот на отплата со можност за вметнување на грејс период до 30.09.2020 година во рамки на истиот период на отплата на кредитот (без промена на иницијалниот краен рок на доспевање на кредитот).
2. Промена на планот на отплата за кредити со можност за вметнување на грејс период за отплата на главен долг до 30.09.2020 година во рамки на истиот период на отплата на кредитот. Во периодот до 30.09.2020 клиентот ќе врши плаќање на месечните обврски по основ на камата (без промена на иницијалниот краен рок на доспевање на кредитот).
3. Можност за нов план на отплата со грејс период од 6 (шест) месеци со продолжување на иницијалниот краен рок на достасување на кредитот за дополнителни 6 (шест) месеци
4. За краткорочните и револвинг кредити кои доспеваат во овој период постои можност да се изврши пролонгирање на рокот на користење и рокот на доспевање за дополнителна 1( една ) година.
Понудата за промена на договорните услови за физички лица содржи:
1. Можност за одлагање на отплатата на изложеностите по основ на кредити за период од 6 месеци и продолжување на рокот на крајно доспевање за дополнителни 6 месеци.
Целосната ПОНУДА на Стопанска банка а.д. Битола заедно со појаснувањето можете да ја најдете на следниот линк.
Погоре наведените поволности важат за сите кредитни изложености на правни и физички лица класифицирани во категории на ризик ,,А“, ,,Б“, и ,,В“ согласно Одлуката за методологијата за управување со кредитниот ризик, кои ги имаат помирено доспеаните обврски кон банката со датум 29.02.2020 година
Должникот – правно лице, во рок од 10 дена од приемот на понудата (објавена на web страната на Банката), ја известува писмено или електронски Банката дали ја прифаќа понудата и која од понудените четири опции ја прифаќа, во спротивно се смета дека понудата не е прифатена.
Доколку должникот – физичко лице, во рок од 10 дена од приемот на понудата (објавена на web страната на Банката), не ја извести Банката писмено или електронски дека ја одбива понудата, се смета дека понудата е прифатена.
Сите заинтересирани клиенти можат своите барaња да ги доставуваат на контакт , е-маил: stbbt@stbbt.mk или преку архивата на Банката.
Домашни банки
Радмила Јованова од Шпаркасе Банка – Филијала Штип со награда за спортски подвиг во 2022 година

Општина Штип традиционално секоја година организира настан – „Избор на спортист на годината на Штип”, на кој се избираат најдобрите спортисти и спортски работници и клубови во изминатата година.
Домашни банки
Добивката на ТТК Банка порасна за 36,4% и дојде до 1 милион евра во 2022 година

Во услови на изразена економска и енергетска криза, динамичен пазар и силна конкуренција, водејќи се од основните принципи за сигурно и стабилно работење, ТТК Банка АД Скопје управуваше успешно со сите деловни аспекти од работењето што ја одразува одржливоста на деловен модел. (more…)
Домашни банки
Одличното справување со NPL на Халкбанк и донесе профит од 12 милиони евра во 2022 година

Халкбанк ги објави резултатите од работењето во изминатата 2022 година, кои го потврдија епитетот најбрзо растечка банка во Северна Македонија. Сето тоа постигнато со посветена работа, добро дефинирана стратегија и фокус на зацртаните цели. (more…)
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Депозитипред 4 weeks
Халкбанк АД Скопје ги зголеми каматните стапки за физички лица на сите депозитни производи
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Интервјуапред 1 week
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Домашни банкипред 3 weeks
Комерцијална банка воведе услуга за електронска идентификација на клиенти без посета на шалтер
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје