Домашни банки
Понуда на Капитал Банка АД Скопје за промена на договорните услови за кредитни производи

Во услови на пандемија од невидени размери, Капитал Банка АД Скопје им пристапува на своите клиенти правни и физички лица, а со тоа и на севкупната економија, со понуда која помага да се надминат финансиските ефекти од корона-кризата.
Земајќи ги во предвид ефектите кои пандемијата со COVID-19 ги има врз клиентите физички лица кои одржуваат постојана деловна соработка со Банката и кои заклучно со 29.02.2020 година имале статус А, Б или В (редовен статус), Банката им ја нуди следната понуда за промена на договорните услови за користење на кредитни производи, со важност од 03.04.2020, која е валидна во следните 10 денови со овие карактеристики:
- Потрошувачки кредити – се воведува грејс период од 6 месеци со месечни обврски за плаќање само на камата и други побарувања (без редовна главница). Одложената главницата ќе биде распределена во преостанатиот договорен рок, по истекот на грејс периодот.
- Станбени и хипотекарни кредити – се воведува грејс период од 6 месеци со месечни обврски за плаќање само на камата и други побарувања (без редовна главница). Одложената главницата ќе биде распределена на преостанатиот рок, продолжен за 6 месеци.
- Кредитни картички – се воведува период од 6 месеци во кој ќе се врши пресметка и задолжување на наплатата само на каматата на искористениот дел од лимитот.
- Дозволено пречекорување на сметка– се продолжува датумот на доспевање на сите лимити на дозволени пречекорувања до 30.09.2020 кои на 29.02.2020 се класифицирани во А, Б и В редовна категорија на ризик.
Од оваа понуда исклучени се наменските кредити преку трговски партнери и бескаматните позајмици одобрени на физички лица.
ТЕХНИЧКИ ПОЈАСНУВАЊА НА ПОНУДАТА ЗА ФИЗИЧКИ ЛИЦА:
- Не одговарање на понудата ќе биде третирано како прифаќање на понудата.
- Доколку овие клиенти подоцна се изјаснат за одбивање на понудата и подготвеност да продолжат со редовна отплата на долгот, Банката ќе излезе во пресрет на клиентите при што условите ќе бидат дополнително определени.
- Клиентите кои сакаат да го задржат својот статус, и сакаат да продолжат со редовна отплата, односно ја одбиваат понудата, ЗАДОЛЖИТЕЛНО е да ја информираат Банката по електронски пат на e-mail адреса merkicovid19@capitalbank.com.mk , најдоцна до 13.04.2020г. Во дописот задолжително да ги наведат следниве податоци:
– Име и презиме
– ЕМБГ
– Кредитна партија (број на договор) за производот за кој понудата се одбива (број на сите поединечни кредитни партии ако се повеќе)
– Изјава за согласност дека за наведените кредитни партии/производи, клиентот е согласен да продолжи со договорената динамика на плаќање
– Број на трансакциска сметка каде има одобрено дозволено пречекорување
– Последните 6 цифри од бројот на кредитната картичка
ЗНАЧАЈНА НАПОМЕНА: Oвие мерки се од големо значење и се однесуваат на клиентите кои најсилно ги чувствуваат ефектите од кризата. Оттука, Банката апелира клиентите кои ќе продолжат да бидат во можност да ги отплаќаат своите месечни обврски, така и да постапат. Со тоа всушност помагаат, економските мерки од сите банки и од државата да имаат ефект за погодените субјекти, и дотолку повеќе, помагаат за побрзо опоравување на економијата по кризата.
ПРАВНИ ЛИЦА
Во врска со корпоративните клиенти, погодени од кризата, Банката воведува олеснувања во сервисирањето на обврските кои во зависност од природата на потребата ќе бидат усогласени со секое правно лице поединечно.
Можностите за правните лица вклучуваат соодветно прилагодување или одложување на отплатата на кредитите, можности за рефинансирање, како и понуда на кредитна поддршка за ликвидносни потреби.
Од Банката замолуваат клиентите да им се обратат по електронски пат на следниот маил во рок не подолг од 10 календарски денови заклучно 13.04.2020 на е-маил: korporativno@capitalbank.com.mk, или пак во писмена форма на адресата на Банката: Ул.Никола Кљусев бр.1, 1000 Скопје со назнака за Сектор Правни лица.
Доставениот маил или допис ќе претставува основ за Банката да изврши анализа на потребата од користење нови договорни услови и врз основ на истата ќе му достави на клиентот соодветна понуда за олеснување.
Понудата, Капитал банка АД Скопје ја подготви во склад со Уредбата со законска сила за начинот на промена на договорни услови на кредитни изложености кај банките и штедилниците (Службен весник на РСМ бр. 80/20 од 30.03.2020г.) и Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за методологијата за управување со кредитниот ризик на НБРСМ (Службен весник на РСМ бр.76/20 од 24.03.2020г.).
Домашни банки
Личниот пристап кон клиентите е клучен за градење доверба

Банките се двигатели на секоја економија, а нивната одговорност кон клиентите е повеќеслојна и поеднакво се однесува и на бизнисите (правните лица) и на поединците (физичките лица). (more…)
Домашни банки
Доделен автомобилот TESLA на среќниот добитник во наградната игра на Стопанска банка АД – Скопје

Најсреќниот добитник во големата наградна игра на Стопанска банка, Ацо Савиќ, вчера (23 ноември) пред просториите на Банката во центарот на Скопје ги доби клучевите од новиот автомобил TESLA model 3. Автомобилот е главната награда од наградната игра на Стопанска банка со Mastercard платежните картички „Најбрзо до Тесла возило со СБ”, која траеше од 1 јули до 31 октомври. (more…)
Домашни банки
ЕБОР одобри 9 милиони ЕУР кредит на ПроКредит Банка во Северна Македонија

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) доделува нови средства за поддршка на младите претприемачи и основање на бизниси, како и за промовирање на зелени финансии во Северна Македонија, преку финансискиот пакет од 9 милиони ЕУР одобрен за ПроКредит Банка. (more…)
- Домашни банкипред 2 months
Халкбанк со тројца нови членови на Управниот одбор – Беркан Имери, Александар Иљов и Мухамед Хаџипази
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Осигурувањепред 2 months
АСО со обуки ќе ја гради и зајакнува финансиската едукација на средношколци – математичари
- Домашни банкипред 1 month
Компании во земјава реализираат 20 „зелени“ проекти од кредитната линија на ЕБОР преку Стопанска банка
- Домашни банкипред 4 weeks
Данијела Јовческа, Никола Горгиевски и Марија Танаскоска се најдобрите банкарски службеници од Шпаркасе Банка во 2023 година
- Банкипред 2 months
Шпаркасе Банка АД Скопје вработува Член на Управен Одбор
- Business Manпред 2 months
Проф. Д-р Драгољуб Арсовски се стекна со 3.003 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Шпаркасе Банка го активираше порталот за тестирање на платформата за отворено банкарство