Connect with us

Кредити

Понудата од Тиго Фајнанс за промена на договорните услови за кредитни производи е достапна до 19 април 2020 година

Објавено

на

Тиго Фајнанс ги информира своите клиенти дека недела, 19-ти април 2020 година е последниот рок до кога клиентите треба да се произнесат доколку сакаат да ја одбијат понудата за промена на договорните услови за кредитни производи.

Имено, врз основа на Уредбата со законска сила за примена на Законот за финансиските друштва за време на вонредна состојба, финансиското друштво Тиго Фајнанс на 9-ти април 2020 година, ја објави Јавната понуда за промена на договорните услови за кредитни производи на компанијата, која важи за сите клиенти на Тиго Фајнанс кои се корисници на кредити по договорите за кредити кои се склучени и исплатени заклучно со 31 март 2020 година.

Официјалната понуда е објавена на веб страницата на Тиго Фајнанс на следниот линк, каде се повикуваат клиентите на нејзино детално разгледување и постапување согласно дадените насоки и евалуација за прифаќање или одбивање согласно нивните можности.

Клиентите кои сакаат да продолжат со редовна динамика на отплата, потребно е да ја одбијат истата, најдоцна до 19-ти април 2020 година, со испраќање на известување преку еден од следните начини:

– Известување по електронски пат на е-маил адресата: covid19@tigo.mk или преку своите клиентски профили.
– Писмено известување по пошта или директна достава во архивата на Тиго Фајнанс
– Пополнување на формулар во сите филијали на Тиго Фајнанс

Клиентите кои ја прифаќаат понудата не е потребно да испраќаат известување до Тиго Фајнанс. Со прифаќање на понудата клиентите не се ослободуваат од плаќање на износите на нивните месечни ануитети или дел на нивните кредити, туку добиваат привремено намалени и одложени месечни ануитети. По истекот на рокот, односно после 30-ти јуни, остатокот ќе доспее за наплата.

Согласно понудата, за времетраење на периодот на одложена наплата ќе се пресметува договорна камата по каматна стапка предвидена во Договорот за кредит, а наплатата на договорната камата од периодот на одложена наплата ќе започне по ставање на кредитот во редовна отплата. Оттука, Тиго апелира до клиентите кои имаат можност да продолжат со редовната динамика на отплата на своите месечни ануитети, така и да продолжат, за да не се доведат во ситуација да имаат поголеми месечни ануитети во иднина од неопходното.

Повеќе информации и одговори на често поставувани прашања се достапни на следниот линк и во контакт центарот на Тиго на телефонскиот број 13 700.

Кредити

Кои се предностите на СМАРТ кредитот на Комерцијална банка?

Објавено

на

СМАРТ кредитот е револвинг потрошувачки кредит во денари за физички лица, со вклучено осигурување во случај на спреченост за отплата. Може да се користи преку наменска картичка за подигање готовина од банкоматите на Банката, или со вршење безготовински пренос на средствата од кредитниот лимит на сопствена трансакциска сметка на Корисникот во Банката. Овој хибриден кредитен производ е комбинација помеѓу потрошувачки кредит и кредитна картичка и на корисниците им овозможува повеќекратно користење на одобрените средства од кредитот преку картичка, согласно потребите. (more…)

Продолжи со читање

Кредити

СМАРТ кредит преку картичка – нов кредит од Комерцијална банка

Објавено

на

Комерцијална банка го промовираше новиот револвинг потрошувачки кредит (СМАРТ кредит) кој е наменет за физички лица и во денари, истиот има и вклучено осигурување во случај на спреченост за отплата. (more…)

Продолжи со читање

Кредити

Нов кредитен продукт на Штедилница Можности – Кредит за поддршка на клиенти погодени од пандемијата КОВИД-19!

Објавено

на

Штедилница Можности како дел од Проектoт на УСАИД за развој на деловниот екосистем, лансираше нов специјален кредитен продукт за поддршка на дејностите погодени од пандемијата – Кредит за поддршка на клиенти погодени од пандемијата  КОВИД-19! (more…)

Продолжи со читање

Популарно