Connect with us

Кредити

Пониски каматни стапки за кредитите на Охридска банка

Објавено

на

Охридска Банка Ад Скопје воведува промотивни каматни стапки кај кредитите за население и атрактивни пакети за осигурување.
Пониски каматни стапки за кредитите со кредитно животно осигурување започна да одобрува групацијата Сосиете Женерал, во чии рамки функционира Охридска Банка Ад Скопје.

Новите каматни стапки кои важат за сите апликации до 3-ти јули оваа година, се движат од 4.55% за станбените кредити-фиксна за првите 5 години, 5.75% за Кеш експрес со фиксна камата за првата година и 6.35% за компакт кредитите за рефинасирање исто така со фиксна камата за првата година.

“Уникатната понуда на кредити плус осигурување им овозможува на клиентите да изберат комбинација на поволни услови со дополнителна заштита“- велат од Охридска Банка.

Истовремено, банката воведе нов основен пакет на осигурување достапен за сите апликанти за станбен кредит, со кој за 0.44% од осигурителната премија, го покрива ризикот од смрт како резултат на несреќа.

Кредити

Најбрзо и најкомфорно купување во „Нептун“ на рати преку IuteCredit само со лична карта

Објавено

на

Следејќи ја својата мисија да овозможи најдобро шопинг-искуство на своите клиенти, „Нептун“ во својата палета на услуги го вклучува и новиот растечки тренд на брзо кредитирање преку IuteCredit Македонија, соопштија од компанијата. (more…)

Продолжи со читање

Кредити

Со еден Клик до Кредит – Брзо, Сигурно и Квалитетно

Објавено

на

Развојот на онлајн кредитирањето во Македонија се движи со голема експанзија во последните неколку години. Сето тоа е резултат на различниот и многу полесен начин на добивање на потребните финансиски средства. Од моментот на вашата апликација до одобрувањето и исплатата на кредитот, поминуваат најмногу неколку часови. (more…)

Продолжи со читање

Кредити

Фотоволтаичните системи на ЕВН отсега подостапни преку ЕКО кредитот на Шпаркасе Банка Македонија

Објавено

на

Фотоволтаичните системи на ЕВН Македонија, дизајнирани според потребите на корисниците, стануваат подостапни за сите заинтересирани. ЕВН Македонија и Шпаркасе Банка Македонија постигнаа договор за соработка, преку кој ЕКО кредитот на Шпаркасе Банка Македонија ќе може да се користи и за финансирање на фотоволтаичните системи што ги нуди ЕВН Македонија. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange