Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Анализи

Половина од светското население живее со помалку од 5,5 долари на ден

Објавено

на

„Светскиот економски напредок овозможи намалување на бројот на луѓе кои живеат во крајна сиромаштија, но речиси половина од жителите на планетата, или 3,4 милијарди луѓе и понатаму тешко ги задоволуваат своите елементарни потреби“ стои во соопштението на Светска Банка.

Светската банка дефинира дека во крајна сиромаштија живеат лица со помалку од 1,90 долари на ден. Сиромаштијата на глобално ниво падна на 46% во 2015, во споредба со 67%во 1990, прецизираше Светската банка врз основа на најнови податоци.

Крајната сиромаштија во 2015 падна на 10% од 30% во 1990 година.

И покрај економскиот раст, сѐ поголем број од сиромашните во светот денес живеат во најразвиените земји, се истакнува во извештајот.

Регионот на Азија и Пацификот бележи најдобра поделба и таму приходите на 40% од најсиромашните жители просечно се подобрувале за 4,7% меѓу 2010 и 2015.

Во супсахарска Африка третина од земјите забележале пад на приходите на 40% од најсиромашните жители. Во тој регион 84,5% од жителите живеат со помалку од 5,5 долари на ден.

На Блискиот Исток и во Северна Африка, иако е во пораст бројот на жители кои имаат 1,90 долари на ден, „нивото на крајна сиромаштија е понатаму високо“, тврди Светската банка. Но во тој регион има сѐ повеќе жители кои живееле со помалку од 5,5 долари на ден во 2015, во споредба со 1990.

Светската банка прецизираше дека во Соединетите Држави во 2015 година 3,7 милиони лица живееле во крајна сиромаштија, или 1,2% од населението.

Анализи

Finance Think: Зголемениот минималец нема да влијае врз работните места

Објавено

на

Владата најави дека се очекува минималната (нето) плата да се зголеми на 13.000 денари, почнувајќи од 1 јули 2019 година. Минималната плата, како инструмент на политиките, беше воспоставена во 2012 година, на тогашното ниво од 8,050 денари (6.263 денари во секторите текстил, кожа и обувки). (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Рекордна профитабилност на банките во изминатата 2018 година, но странци го собираат профитот

Објавено

на

Банките во земјава за претходната 2018 година оствариле нето-добивка од работењето во износ од 8,4 милијарди денари или околу 136 милиони евра, што во споредба со претходната 2017 година е зголемување за 27,4%, покажува најновиот годишен извештај за ризиците во банкарскиот сектор на Народната банка. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

АНАЛИЗА: Избори и кредитирање – што се случува во банкарскиот сектор?

Објавено

на

Претседателски избори, догодина редовни парламентарни избори а во 2021 та година редовни локани избори – дали сите овие последователни изборни циклуси ќе се рефлектираат и во банкарскиот сектор, конкретно врз кредитирањето и шедењето? По завршување на првиот економски квартал Народната банка ги сумираше резултатите, на месечно ниво ( март/февруари) депозитната база е зголемена за 0,4% а кај кредитирањето порастот изнесува 1.0%, пишува неделната економска анализа на Portalb.mk. Само по основ на потрошувачки кредити граѓаните во банките, на крајот од првото тромесечје должеле 1,3 милијарди евра. (more…)

Продолжи со читање
Unibanka_banner_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange