Connect with us

Останато

Половина милион работници во Италија ќе ја загубат работата поради коронавирусот

Објавено

на

Во Италија, во текот на 2020 година, околу 500.000 луѓе ќе ги загубат своите работни места како резултат на кризата со вирусот Ковид-19.

Стапката на вработеност во таа земја од периодот пред пандемијата ќе се врати на исто ниво дури во 2023 година, според проценката на италијанската национална агенција за активни политики на пазарот на трудот „ANPAL”.

Од околу половина милион работни места, кои ќе бидат укинати оваа година, се очекува околу 50 проценти да бидат отворени во 2021 година.

Во Италија, која има повеќе од 60 милиони жители, пред кризата со коронавирус имало вкупно 23,4 милиони вработени. Италија, со околу 33.000 жртви на вирусот Ковид-19, се соочува и со тешки економски последици од најдолгата блокада во Европа, од која после околу два и пол месеци излегува со постепено започнување на бизнисите.

Останато

Синдикатот на Халкбанк АД Скопје со општествено одговорна акција за донирање

Објавено

на

Во организација на Синдикатот на Халкбанк АД Скопје, вработените донираа облека, храна и постелнини за социјално ранливи семејства. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Економски факултет-Скопје свечено ги промовираше дипломираните студенти за академската 2022/2023 година

Објавено

на

Во Аулата на Економски факултет-Скопје се одржа свечената церемонија на која беа промовирани дипломираните студенти на прв циклус на студии за академската 2022/2023 година.

(more…)

Продолжи со читање

Останато

Реизбран Управниот одбор на КаСис АД

Објавено

на

Надзорниот Одбор на единствениот македонски процесор од областа на картичното работење, електронска трговија и сертифицирано биро за персонализација на картички КаСис АД повторно му ја даде довербата на актуелниот Управен одбор. г-ѓа Филомена Пљаковска – Аспровска, претседател и Главен извршен директор, г-ѓа Лидија Вучидолова – Богоевска, член и извршен директор и г-дин Дамјан Андоновски, член и извршен директор во наредните четири години ќе бидат на чело на компанијата која бележи континуиран раст во земјата и сигурно се пробива на пазарите во регионот.  (more…)

Продолжи со читање

Популарно