Connect with us

Лични финансии

Полесно поднесуваме критика од шеф, отколку од шефица!?

Објавено

на

Професорот Мартин Абел, од колеџот Мидлсбери, САД, спроведе интересна студија со цел да утврди дека вработените, без разлика дали се мажи или жени, почесто реагираат негативно на критиките кога доаѓаат од женско претпоставен отколку кога истите доаѓаат од машко претпоставен.

Замислете го вашиот шеф да ве повика во својата канцеларија и да изрази незадоволство од вашата посветеност и резултатите во претходниот период. Како би реагирале? Дали би ја прифатиле критиката и би вложиле повеќе напори или пак би се вратиле во канцеларијата и ќе започнете да барате нова работа?

А, сега размислете дали би реагирале поинаку ако се случи истото, претпоставениот да ве повика во канцеларија  и го изрази незадоволство од вашата посветеност и резултатите во претходниот период, но критиката да доаѓа од шефицата? Дали реакцијата би била поинаква?

Овие прашања ги поставил професорот Мартин Абел, а во истражувањето учествувале 2.700 работници кои случајно им биле доделени на машки и жени раководители на онлајн задачи, а исто така случајно избрале кого ќе критикуваат и од кого ќе дојде критиката.

Резултатот од истражувањето беше дека и жените и мажите почесто реагираат негативно на критиките кога тие доаѓаа од жена. Учесниците во овој експеримент известија дека критиката од жена доведува до поголемо незадоволство на работното место отколку кога истата стигнува од маж претпоставен.

Ова може да има значително влијание врз успехот на жените во водење на компаниите, затоа што доколку реакциите на работниците е почесто негативна, на критиката добиена од жената која има моќ, компаниите ќе се одлучуваат раководните позиции да ги доверат на мажи. Но, и самите жени ќе треба да изберат помалку ефикасни стратегии за управување и раководење или генерално да бидат помалку заинтересирани за раководните позиции.

Лични финансии

Како најдобро да ги користите платежните картички додека сте на одмор?

Објавено

на

Човек на одмор може целосно да се опушти, а таа ситуација лесно може да доведе до заборавање на провизиите и каматите за плаќање со кредитни картички. За платежните картички да не ви прават главоболки понатаму, прочитајте ги следниве корисни совети како најдобро да ги користите додека сте на одмор. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

НЛБ Банка и Кроација осигурување – Живот во сабота на Школка ќе го одбележат месецот на финансиско советување

Објавено

на

Кроација осигурување – Живот во соработка со НЛБ Банка АД Скопје во изминатиот месец го организираа „Караванот за финансиско советување за небанкарски продукти“. Преку настанот што ќе се одржи во сабота, на 4-ти јуни, на Школка во Градски парк Скопје, компаниите ќе го заокружат месецот на финансиско советување. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

ГЛОБАЛНА НЕДЕЛА НА ПАРИТЕ: Ковани пари во оптек

Објавено

на

Македонскиот денар (МКД) е национална валута на Република Македонија пуштена во оптек на 27 април 1992 година. Централната банка на државата – Народната банка на Република Македонија – е единствената институција којашто го издава денарот. (more…)

Продолжи со читање


Популарно