Connect with us

НБРМ

Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Објавено

на

Централна Банка

Просечната каматна стапка на вкупните кредити во мај 2018 година бележи месечно намалување од 0,04 п.п. и изнесува 5,61%, додека просечната каматна стапка на вкупните депозити се задржа на нивото од претходниот месец и изнесува 1,46%.

Просечната каматна стапка на новоодобрените2 кредити во мај оствари минимален месечен пад од 0,01 п.п. и се сведе на 4,93%, додека просечната каматна стапка на новопримените депозити се зголеми за 0,33 п.п. и изнесува 1,43%.

Во мај, каматната стапка на вкупните кредити одобрени на корпоративниот сектор бележи месечно намалување од 0,05 процентни поени. Месечното надолно поместување кај оваа категорија е резултат на намалувањето кај сите нејзини компоненти: каматните стапки на денарските кредити со и без валутна клаузула и на каматната стапка на кредитите во странска валута. Споредено на годишна основа, оваа каматна стапка забележа намалување од 0,59 процентни поени. Каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор во текот на мај, споредено на месечна основа, се зголеми за 0,08 процентни поени и изнесува 4,59%.

Во споредба со минатиот месец, каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата во мај е намалена за 0,04 процентни поени и изнесува 6,29%.  Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата во мај изнесува 5,57%, при евидентирано месечно намалување од 0,02 процентни поени.

Просечната каматна стапка на вкупните депозити од домаќинствата во мај, како и во април се задржа на нивото од 1,43%. Каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата е пониска за 0,09 процентни поени, во споредба со истиот месец од минатата година. Во мај, просечната каматна стапка на новопримените депозити од домаќинствата изнесува 1,48%, што претставува месечно зголемување од 0,02 процентни поени. Споредено на годишна основа, оваа каматна стапка е пониска за 0,13 процентни поени.

НБРМ

НБРМ ја задржа каматната стапка на благајничките записи на нивото од 2,5%

Објавено

на

На 12 февруари 2019 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на која беа разгледани клучните показатели за домашната економија и движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари, во контекст на поставеноста на монетарната политика. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Банкноти со “Република Северна Македонија” на почетокот од 2020 година

Објавено

на

Менувањето на банкнотите на кои ќе треба да стои новото име Република Северна Македонија ќе почне од идната година, соопштија од Владата која издаде серија на обврски со сите државни институции за почеток на примена на новото име. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

НБРМ усвои две стратегии за јакнење на финансиската стабилност во земјава

Објавено

на

Народната банка на Република Македонија (НБРМ) и Министерството за финансии, согласно со препораките во евроинтегративниот процес, интензивно продолжуваат со заедничките напори за натамошно зајакнување на финансиска стабилност во земјава. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange