Connect with us

НБРМ

Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците: јули 2018 година

Објавено

на

Во јули продолжи трендот на намалување кај просечните каматни стапки на вкупните кредити и вкупните депозити, кои забележаа месечен пад од 0,07 п.п. и 0,03 п.п. и изнесуваат 5,50% и 1,42%, соодветно.

Во јули, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити оствари месечно намалување од 0,10 п.п. и се сведе на 4,87%, а просечната каматна стапка на новопримените депозити се намали за 0,03 п.п. и изнесува 1,26%.

Во јули, каматната стапка на вкупните кредити одобрени на корпоративниот сектор се намали за 0,09 п.п. и изнесува 4,83%. Надолното поместување се должи на падот кај сите компоненти на оваа категорија: каматните стапки на денарските кредити без и со валутна клаузула (за 0,11 п.п. и 0,07 п.п., соодветно), како и на каматната стапка на кредитите во странска валута (за 0,05 п.п.). Споредено на годишна основа, оваа каматна стапка забележа намалување од 0,62 п.п.

Каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор во јули изнесува 4,57% и во однос на јуни се намали за 0,07 п.п. Падот на месечна основа во целост произлегува од намалените каматни стапки на денарските кредити без валутна клаузула и кредитите во странска валута (за 0,25 п.п. и 0,12 п.п., соодветно), во услови кога каматната стапка на денарските кредити со валутна клаузула бележи раст од 0,16 п.п. Во однос на јули минатата година, оваа каматна стапка е пониска за 0,60 п.п.

Во јули просечната каматна стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор изнесува 1,55%. Месечното намалување од 0,08 п.п. е резултат на надолната промена кај каматните стапки на денарските депозити без и со валутна клаузула (за 0,11 п.п. и 0,01 п.п., соодветно), делумно неутрализирано со месечниот раст на каматната стапка на девизните депозити (за 0,06 п.п.). Анализирано на годишно
ниво, стапката бележи намалување од 0,32 п.п..

Споредено со претходниот месец, просечната каматна стапка на новопримените депозити на корпоративниот сектор оствари пад од 0,04 п.п. и се сведе на 0,85%. Падот кај оваа категорија целосно се должи на намалената каматна стапка кај денарските депозити без валутна клаузула (од 0,13 п.п.), при остварен раст кај
каматните стапки на денарските депозити со валутна клаузула и депозитите во странска валута (од 0,43 п.п. и 0,02 п.п., соодветно). Во однос на истиот месец минатата година оваа каматна стапка е намалена за 0,11 п.п..

Каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата во јули изнесува 6,20% и во однос на претходниот месец се намали за 0,05 п.п.. Остварениот пад се должи на намалувањето на каматната стапка на денарските кредити без валутна клаузула (за 0,08 п.п.), како и на каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула и на кредитите во странска валута (за 0,02 п.п., соодветно). Каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата е намалена за 0,29 п.п. на годишна основа.

Во јули, новото кредитирање на домаќинствата се вршело по просечна каматна стапка од 5,38%, за 0,15 п.п. пониска во однос на претходниот месец. Од аспект на валутната структура, намалувањето произлегува од падот кај каматните стапки на денарските кредити, со и без валутна клаузула (за 0,20 п.п. и 0,10 п.п., соодветно), во услови на раст на каматната стапка на девизните кредити од 0,23 п.п. Во однос на јули 2018 година, оваа каматна стапка е намалена за 0,35 п.п.

Просечната каматна стапка на вкупните депозити од домаќинствата во јули изнесува 1,40%, при месечен пад од 0,03 п.п. кој произлегува од надолните поместувања кај каматните стапки на денарските депозити, без и со валутна клаузула (од 0,06 п.п. и 0,03 п.п., соодветно). На годишно ниво, каматната стапка
оствари намалување од 0,07 п.п.

Во јули, просечната каматна стапка на новопримените депозити од домаќинствата се задржа на ниво од 1,55%, без промени на месечна основа. Споредено со јули минатата година, оваа каматна стапка се намали за 0,20 п.п.

 

НБРМ

Во НБРМ се одржа конференција на Твининг лајт проектот: „Јакнење на капацитетите на системот за борба против фалсификување евра“

Објавено

на

Во просториите на Народната банка на Република Македонија (НБРМ) се одржа почетната конференција на Твининг лајт проектот: „Јакнење на капацитетите на системот за борба против фалсификување евра“, финансиран од Европската Унија (ЕУ). (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Гувернерката на НБРМ и министерот за финансии на Форумот на Централна и Источна Европа на „Еуромани“

Објавено

на

Утре и задутре гувернерката на Народната банка на Република Македонија, д-р Анита Ангеловска-Бежоска, и министерот за финансии, д-р Драган Тевдовски, ќе учествуваат на 24. Форум на Централна и Источна Европа, што го организира „Еуромани“ во Виена, Австрија. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

НБРМ предупредува: Поединци лажно се претставуваат во име на НБРМ со цел да извлечат финансиска корист од граѓаните

Објавено

на

Во изминатиов период, забележана е појава на испраќање електронски пораки до е-адреси на лица од Република Македонија со лажно претставување (англ. email spoofing), информираат од НБРМ. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange