Connect with us

НБРМ

Позначајни движења во платниот биланс во вториот квартал од 2018 година

Објавено

на

Централна Банка

Во вториот квартал од 2018 година во тековните трансакции со нерезидентите е остварен суфицит од 20,5 милиони евра, главно како резултат на поволните остварувања кај секундарниот доход и услугите. Кај финансиските трансакции со нерезиденти се остварени позначителни нето-приливи од директни инвестиции и заеми, а девизните резерви се зголемија за 60,9 милиони евра.

Поволните остварувања во тековните трансакции со нерезиденти во вториот квартал од 2018 година се резултат на нето-приливите остварени кај секундарниот доход и размената на услуги (424,8 и 116,2 милиони евра, соодветно), коишто ги надминаа дефицитите остварени кај стоковната размена (414,3 милиони евра) и кај примарниот доход (106,1 милион евра). Споредено на квартална основа, подобри остварувања имаат сите компоненти на тековната сметка, што доведе до остварување на позитивна квартална промена од 169,2 милиона евра. Најзначајни подобрувања се остварени кај секундарниот доход и кај размената на стоки (95,5 милиони евра и 59,8 милиони евра, соодветно), додека подобрувања во помал обем бележат и размената со услуги (11,3 милиони евра) и примарниот доход (2,5) милиони евра.

Остварувањата во тековната сметка се поволни анализирано и на годишна основа. За разлика од дефицитот остварен во вториот квартал 2017 година, во истиот период 2018 година е остварен суфицит кој произлегува од подобрени остварувања кај сите компоненти. Гледано преку придонесот на поодделните компоненти, позитивните придвижувања во најголем дел се одраз на повисоките суфицити кај размената на услуги и секундарниот доход (71,7 милиони евра и 42,6 милиони евра, соодветно).

Кај финансиските трансакции со нерезиденти, во вториот квартал од 2018 година позначајни нето-приливи се евидентирани кај директните инвестиции (87,4 милиони евра) и заемите (58,1 милион евра), а нето-одливи кај валутите и депозитите (72,9 милиони евра) и трговските кредити (44,3 милион евра), при раст на девизните резерви од 60,9 милиони евра.

Нето-приливите од 87,4 милиони евра кај директните инвестиции во овој квартал се резултат на нето-приливи кај сите поткомпоненти, и тоа: реинвестирање на добивката (39,5 милиона евра), меѓукомпаниски  долг (26,4 милиони евра) и сопственички капитал (21,6 милиони евра).

Обврските врз основа на директни инвестиции, во вториот квартал од 2018 година, се зголемени за 143,9 милиони евра, при нето-раст на обврските кај сите категории: меѓукомпаниски долг (81,4 милиони евра), реинвестирање на добивката (40,3 милиони евра) и сопственички капитал (22,2 милиони евра). Во истиот период, средствата врз основа на директни инвестиции се зголемени за 56,5 милиони евра, главно како резултат на зголемените меѓукомпаниски побарувања. Во вториот квартал, кај заемите се остварени нето-приливи од 58,1 милион евра какорезултат на нето-приливите кај останатите сектори (59,8 милиони евра) и секторот „држава“ (5,8 милиони евра), додека кај секторот „депозитни институции“ се евидентирани
нето-одливи (8,2 милиони евра).

Во првата половина од годината, нето-приливите од портфолио-инвестиции (367,2 милиона евра), директни инвестиции (324,6 милиони евра) и заеми (за 10,7 милиони евра4) ги надминаа нето-одливите по валути и депозити (153,4 милиони евра) и трговски кредити (103,2 милиона евра), што овозможи целосно финансирање на дефицитот на тековната сметка и зголемување на девизните резерви за 317,6 милиони евра.

Ревизии на податоци

Податоците за платниот биланс во ова соопштение содржат редовна ревизија на податоците за периодот јануари – март 2018 година во насока на подобрување на нивниот квалитет. Притоа, во тековната сметка ревизијата на податоците делуваше во насока на намалување на дефицитот за 9,2 милиона евра, главно како резултат на зголемување на суфицитот кај размената на услуги (за 8,1 милион евра).

Кај финансиската сметка бележиме ревизија во насока на зголемување на нето-одливите врз основа на трговски кредити за 10,9 милиони евра, намалување на средствата врз основа на директни инвестиции за 1,8 милиони евра и зголемување на обврските од директни инвестиции за 2,1 милион евра.

Ревизијата на податоците резултираше со мало зголемување на грешките и пропустите за периодот јануари – март 2018 година (за 1,9 милиони евра).

НБРМ

НБРМ: Одржана 31. сесија на Клубот на истражувачи

Објавено

на

На 13 декември 2018 година во Народната банка на Република Македонија се одржа 31. сесија на Клубот на истражувачи на која по поздравното обраќање на гувернерката на НБРМ, д-р Анита Ангеловска-Бежоска, беа презентирани истражувачките трудови:  „Оценување на ефикасноста на банките во Република Македонија: Непараметарски пристап“ од д-р Катерина Фотова-Чиковиќ и д-р Виолета Цветкоска, професорка на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје и „Дезинфлаторните прелевања од земјите во eврозоната кон земјите од Југоисточна Европа“ од м-р Гани Рамадани од НБРМ и Предраг Пандилоски од „Вотсон скул“ при Универзитетот на Пенсилванија. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

НБРМ повторно ја намали основната каматна стапка – сега изнесува 2,50%

Објавено

на

Централна Банка

На 11 декември 2018 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ, на којашто беа разгледани клучните показатели за домашната економија и движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари, во контекст на поставеноста на монетарната политика. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

НБРМ: Издадени и пуштени во оптек нови ковани пари за колекционерски цели

Објавено

на

Централна Банка

Народната банка на Република Македонија ја известува јавноста дека се издадени и се пуштени во оптек кованите пари за колекционерски цели „Вага“, „Скорпија“ и „Стрелец“ од серијата „Хороскопски знаци“ („Службен весник на Република Македонија“ бр. 128/18 и 170/18). (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange