Connect with us

Останато

Познавањето на финансиите е клуч за успешна старт-ап компанија

Објавено

на

Вчера во Битола, се одржа ДЕМО ДЕН на кој 12 старт-ап комапнии на прагот на нивното започнување со работа ги претставуваа своите идеи пред критична публика од инвеститори и извршни директори кои беа присутни во просториите на Битола старт-ап центарот лично, но и преку лајфстрим на социјалните медиуми на ПРЕДА плус фондацијата која ја води третата генерација на стартапџии под мотото „И од Битола се може(и)”.

Најдобрите 4 старт-ап идеи добија по 185.000 денари грант, а евалуацијата ја правеше тим од судии во состав:

  • Никола Јошевски – генерален директор на ФД “СН финансии”;
  • Димче Поповски – сопственик на “ДАКА Холдинг”;
  • Катерина Трајковска – финансиски менаџер на “ПРЕДА Плус Фондација”

„Младите генерации имаат идеи кои се идеи на новото време. Наше е да помогнеме, полесно да го изодат патот кој за нас бил повеќе од комплициран. Но, исто така мора да им кажеме дека нема лесен пат и дека само оние кои се откажуваат, не можат да успеат. Сум чекал и години за реализација на некои идеи. Но, исто така сум знаел дека идејата вреди да го чека вистинскиот миг” – истакна Никола Јошевски од ФД “СН финансии”.

ДЕМО ДЕН е официјален завршен настан и круна на двомесечната интензивна работа.

Во серија од 5 минутни презентации, 12 селектирани апликанти од вкупно 20 кои ја поминаа програмата, го дадоа својот максимум, кој е резултат на неколку недели интензивна работа со бројни ментори и тренери во кој се подготвуваа и за овој важен настан, но и за ласнирање на нивните комапнии.

„Кога се стартува еден старт-ап, важно е основачите, покрај тоа што вложуваат во своите знаења и напорно работат на развојот на производот, услугата или иновацијата, мора да бидат добри и во управувањето со финансиите и да работат во согласност со важечките прописи. Она што како совет им го давам на сите оние кои се на старт на свој бизнис е уште во почетната фаза да научат како да ги следат и контролираат своите финансии, без оглед на тоа што ќе ангажираат книговодствена фирма или лице да го прави тоа нив. 

Нив ги води идејата, а ентузијазмот може да ги засени ризиците и проблемите кои можат да се случат, оттука е суштинско знаењето од областа на билансното работење, како еден од столбовите на успешното менаџирање на една старт-ап компанија.” – додаде Јошевски.

Еве ги наградените старт-ап проекти:

  • 3/4 етно на Јасмина Василевски;
  • Благите на баба на Светлана Папачек;
  • Б6 beer bar на Ана Котевска;
  • ORION smart unlock на Никола Ковачевски

Старт-ап се комапнии кои главно се темелат на нови технологии или се концентрирани околу мала група на луѓе кои се убедени дека ќе решат некој проблем или празнина на пазарот на неконвенционален начин.  И со таков пристап ќе го покорат светот. Фантастични примери за таков успех глобално се Instagram и WhatsApp.

Добро е да размислуваме дека, ако некои идеи најдат вистински инвеститори можат и кај нас да се реализираат и да добијат глобален успех.

Кои се најголемите инвеститори?

Македонија заостанува зад европските трендови. Според тие анализи, повеќе од 1.000 старт-ап компании веќе се влезени во фаза на експанзија и имаат две рунди на инвестирање, а ниту една не е македонска.

Најголемите инвеститори во Европа се француската финансиска институција „Bpifrance” која одработила 26 старт-ап инвестиции со главен фокус во медицински идеи за бизнис.

Во врвот на инвеститори се наоѓа и швајцарскиот фонд „Index Venture”, значајани средства инвестираат финансиски институции од Израел и Германија.

Колкави цифри се собираат зад иновативни идеи, покажува бројката од 909 милиони евра колку што на старт привлече дигиталниот сервис за стримување на музика Spotify.

По она што вчера го видовме на ДЕМО ДЕНОТ на ПРЕДА плус фондацијата, допрва доаѓа времето на македонските старт-ап компании и финансиски институции кои ќе бидат загреани да ги поддржат.

Останато

Инфлацијата во Хрватска достигна рекордни 12,3 проценти

Објавено

на

Потрошувачките цени во Хрватска во јули пораснаа 12,3 проценти во однос на истиот месец минатата година, што претставува највисока стапка на инфлација откако Државниот завод за статистика (ДЗС) ги евидентира податоците. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Бесими за МИА: И да не отворевме дебата за даночните реформи, има закони кои стапуваат во сила од 1 јануари

Објавено

на

И да не ја отворевме дебатата за даночните реформи, има законски решенија кои стапуваат во сила од 1 јануари 2023 година, како што се за оданочувањето на приходите над милион денари годишно и оданочувањето на каматите на депозитите, вели министерот за финансии Фатмир Бесими во интервјуто за „МИА”. (more…)

Продолжи со читање

Останато

ЗА НИВ НЕМА КРИЗА – Словенечкиот БДП скокна за 8,2 проценти во вториот квартал

Објавено

на

Според податоците на Националното биро за статистика на Словенија (Сурс) обемот на бруто домашниот производ на Словенија во вториот квартал од годинава се зголеми за 8,2 проценти на годишна основа. (more…)

Продолжи со читање


Популарно