Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Колумни

Позитивниот однос на работа може да биде клучот за вашиот успех

Објавено

на

Одржувањето на позитивен став на работа ќе биде од корист за вашата кариера и ќе ве насочи кон унапредување. Речиси 36% од анкетираните професионалци на LinkedIn се согласуваат дека позитивниот став е најважниот квалитет што работодавачите го бараат во кандидатите и членовите на тимот.

Сепак, одржувањето позитивен став на дневна основа на работното место е потешко отколку што може да замислите. Работата е стресна и предизвикувачка, а повеќето професионалци се соочуваат со рокови и пречки на неделна (ако не и дневна) основа. Работата не е средина која поттикнува позитивен став – навистина мора да работите на тоа.

Во продолжение споделуваме со вас како можете да го пренесете вашиот позитивен став на работа на вашите колеги и претпоставени, како и зошто е важно и како ќе имате корист од оваа промена на ставот.

КАКО?

Зборувајте позитивно

Без разлика колку долго работите во некоја компанија и колку удобно се чувствувате со колегите, никогаш не треба да користите вулгарности. Ако се случи да ви се “испушти” во ситуација на висок стрес, имајте предвид дека може да се случи во одредени ретки ситуации, но во никој случај не смеете да си дозволите да се случува редовно. Станува збор за професионално опкружување, а при употребата на вулгарност веднаш се активира негативна аура во околината.

Никогаш не критикувајте

Постои разлика помеѓу критиките и конструктивните повратни информации. Секогаш користете го методот каде што започнувате со пофалби на поединецот за нешто што го направил добро, притоа пропратено со сугестија за тоа како да ги подобри перформансите во иднина. Исто така, осигурајте се дека разговорот е приватен. Поединецот ќе ги почитува вашите повратни информации, а исто така ќе го почитува фактот дека на професионален начин сте го искажале вашиот став за ситуацијата.

Оддалечете се од озборување

Ништо не ја уништува повеќе тимската работа од озборување. Без разлика дали членовите на тимот ги озборуваат колегите или нивните лични проблеми, сосема избегнувајте ја ситуацијата. Ако сте случајно дел од разговорот, дејствувајте како слушател кој не дава никаков интерес или фидбек. Одржувањето на позитивен став на работа значи дека сте тимски играч кој ги почитува сите членови на тимот. Со тоа што се воздржувате да се приклучите на озборувачкиот круг, можете да бидете сигурни дека ќе го задржите нивото на почит.

Ставете ја тимската работа во прв план

Кога еден член на тимот ќе ја заврши работата добро, јавно посочете. Пофалби и комплименти за добро завршена работа се два едноставни и лесни начини за да се поттикне позитивна средина во тимот. Во истиот поглед, кога тимот се соочува со пречка, не заборавајте да понудите решенија, наместо да се фокусирате на негативите аспекти на ситуацијата. Пристапете кон секоја пречка со менталитет на “половина полна чаша” и ќе креирате позитивен изглед кој ќе се пренесе на остатокот од тимот.

Не се жалете

Секој ден не е добар ден – но не дозволувајте на сите во тимот да го знаат тоа. Можеби сте биле заглавени во сообраќајот тоа утро, или доцните поради друга причина на која не сте можеле да влијаете, но не можете да дозволите овие  ситуации да влијаат врз вашата работа. Ако сте во лошо расположение, осигурајте се да го исклучите пред да стигнете до канцеларијата. На тој начин, наместо да им се жалите на своите колеги за тоа колку е ужасно вашето утро, можете да се забавувате со својата лоша среќа и да се обидете од секого да извлечете насмевка. Насмевувањето на вашите несреќни околности ќе го задржи работното опкружување позитивно, додека “плачењето” ќе додаде негативност и ќе ja намали работната атмосфера во канцеларијата.

ЗОШТО?

Здравствени придобивки

Позитивен став е повеќе од смеење на работа. Тоа буквално придонесува кон вашето целокупно здравје. Стресот може да го влоши вашето здравје, особено кога го доживувате секојдневно. Овие секојдневни стресови почнуваат да го намалуваат здравјето и имунолошкиот систем. Ставете крај на тоа со цел да се осигурате дека секој работен ден че го пречекате позитивно.

Станете пример за другите

Луѓето ја избегнуваат негативноста, а воедно се провлечени од позитивност. Вашиот позитивен став на работа ќе им овозможи на вашите колеги да се чувствуваат удобно да доаѓаат кај вас со прашања или совети. Вие брзо ќе станете пример за другите и сојузник за многу членови на тимот кои ќе бидат класифицирани како одличен квалитет од претпоставените.

Пренесувате позитивност

Вашиот позитивен став ќе се прелее на вашите соиграчи. Никој не сака да биде груб и песимистички член на тимот, кога сите други се толку позитивни. Ќе поставите пример и на крајот создадете целосен тим на професионалци со позитивни ставови. Ова ќе ја зголеми ефикасноста на целокупната работна средина и ќе доведе до успеси за компанијата.

Ја преземате главната улога

Станавте главна улога во тимот, сосема е логично дека на раководството ќе му станејасно дека имате лидерски квалитети да го преземете следниот проект. Членовите на тимот ќе одговорат добро на вашето лидерство и ќе ви бидат дадени дополнителни одговорности кои ќе ви помогнат да се искачите едно скалило погоре на организационата шема во вашата компанија.

Биди следен за унапредување

На ист начин како што менаџерите бараат позитивен став кај потенцијалните кандидати за вработување, менаџментот исто така бара позитивен став во член на тимот кој е подготвен за унапредување. Позитивноста на работното место покажува дека можете да ги поттикнете членовите на тимот да ги надминат пречките и да работат заедно за да ги постигнат целите на компанијата. Како член на тимот со позитивен став, веќе ќе ги истакнете овие особини и затоа ќе бидете фаворизирани за унапредување.

 

Колумни

Како популарните игри Fortnite и Clash of Clans се користат за перење пари?

Објавено

на

Кога мислите на перење пари, лесно е да се замислат салони за нокти, школки корпорации или банкарски сметки во странство. Но, како што се појавуваат нови технологии како криптовалутите, така се појавуваат и нови методи за претворање на нелегално стекнатите придобивки во оданочен приход. Сепак, најочигледните методи не се најдобри. Додека биткоинот продолжува да напредува, креаторите на политики, полицијата и обвинителите инвестираат повеќе ресурси во борбата против нелегалните шеми. Како одговор, постои сомневање дека претприемничките криминалци се свртуваат кон поиновативни решенија, како перење пари со помош на масивни мултиплеер игри. (more…)

Продолжи со читање

Колумни

Клиенти кои знаат сè…

Објавено

на

Сите сме ја слушнале познатата изрека “Клиентот е секогаш во право” и до некаде може да се сложиме со оваа констатација единствено поради фактот дека ние – продавачите сме таму токму поради клиентите и реализирањето на нивните барања, потреби, желби, но… (more…)

Продолжи со читање

Колумни

Перење на трансакции е новиот, напреден облик на перење пари

Објавено

на

Електронското перење пари, познато како Перење на трансакции, е дигитална еволуција за перење пари и стана еден од најголемите предизвици со кои се соочува режимот против перење пари (АМЛ) денес. Принципот е едноставен: непознат онлајн бизнис користи платежни ингеренции на овластен трговец за обработка на трансакции со кредитни картички за непознати производи и услуги. Перењето на трансакции претставува форма на перење пари што се случува кога плаќањата се за незаконски цели – како фалсификувана стока, дрога, нелиценцирано коцкање – се обработуваат од страна на легитимни трговци во име на друга страна. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange