Connect with us

Домашни банки

Позитивен финансиски резултат на ТТК Банка АД Скопје за периодот од 1.1.2020 до 31.7.2020 година

Објавено

на

Во тековната економска клима и предизвикувачките пазарни услови, ТТК Банка АД Скопје успеа да постигне забележителни резултати, што повторно ја рефлектира одржливоста на нејзиниот деловен модел и успешното управување со сите деловни аспекти од работењето.

Во периодот од 1.1.2020 до 31.7.2020 година, прилагодувајќи го своето работење на вонредните економски и пазарни услови поради пандемијата од вирусот COVID-19, ТТК Банка АД Скопје ги надмина планираните цели и реализација утврдени во Деловната политика и во Финансискиот план за 2020 година.

Финансискиот резултат за периодот јануари – јули 2020 година изнесува 42 милиони денари. Во споредба со Финансискиот план за 2020 година, кој е во согласност со првичните согледувања за последиците што ќе ги предизвика светската пандемија предизвикана од вирусот COVID-19, остварениот финансиски резултат го надминува очекуваниот резултат за 42,2 милиони денари.

ТТК Банка АД Скопје и понатаму будно ги следи сите макроекономски параметри и интерни индикатори и го прилагодува своето работење на новонастанатите состојби и пазарните услови, со фокус кон одржување на ликвидноста и долгорочната стабилност.

Банката ги презема сите неопходни активности за одржување на квалитетот на портфолиото, развој на понудата на производи и изнаоѓање флексибилни решенија приспособени на потребите на клиентите-правни и физички лица кои ќе бидат најзасегнати од COVID-19 кризата.

Со цел креирање одржливи и ефикасни процеси и реализација на планираниот обем на активности во согласност со Деловната политика, во услови кога е неопходно минимум присуство во банките, Банката ќе продолжи да работи на дигитализација на процесите и надградба на производите и услугите достапни преку дигиталните канали (електронско и мобилно банкарство).

Домашни банки

Македонска банкарска асоцијација: Циркулираат лажни информации за банки, внимавајте кои информации ги земате за веродостојни!

Објавено

на

Македонската банкарска асоцијација ја известува јавноста дека изминатите денови е присутна појава на објави со неточни информации за поединечни банки, коишто можат да предизвикаат неоснована вознемиреност кај граѓаните. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Пензиите ќе се исплаќаат од 27-ми октомври

Објавено

на

Владата на Република Северна Македонија на денешната 13-та седница ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за октомври 2020 година и притоа го задолжи Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 26.10.2020 година (понеделник) (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Известување за нова локација на банкомат на Централна кооперативна Банка АД Скопје

Објавено

на

Централна кооперативна Банка АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека е поставен нов банкомат на следната локација: во просториите на локалот Шкорпион 13, бул. “Маршал Тито” бр. 79, Куманово. (more…)

Продолжи со читање

Популарно