Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Лични финансии

Позитива на денот: “ОК е”, Фејсбук статус на Фросина Ѓорѓиовска

Објавено

на

Кога ќе станеме, само една позитивна мисла ни е доволна за да ни го направи целиот ден позитивен. Ќе се трудиме по еден таков позитивен импулс да споделуваме со вас секој ден.

Изборот за денес е Фејсбук статусот на Фросина Ѓорѓиовска:

Ок е да си у врска. Ок е и да си сингл. Ок е да влегуваш од една у друга врска. Ок е и да си цела вечност сингл. Ок е да се омажиш или ожениш на 20 – 22. Ок е и на 32, на 42. Ок е и никогаш да не се омажиш (ожениш). Ок е да си хетеро. Ок е да си геј. Ок е да сакаш да си седиш дома у папучи и да гледаш вести цел еден век со брачниот партнер. Исто така е ок да го спакуваш ранецот и да патуваш, да откриваш нови светови и никогаш да не останеш на едно место. Ок е со жена ти да идеш да пазариш у КАМ. Ок се и тие што место у КАМ отишле да пијат пиво сами или со друштво на некоја плажа и така цел живот. Ок е да купиш кола каде ќе ги собере вашите 3 – 4 деца и ќе идете на одмор у Пефкохори. Исто е ок тоа што мене ми е доволен само мојот хамак и зелените дрва покрај некоја река. Ок е да сакаш да раѓаш. Исто така ок е да не сакаш да раѓаш. Ок е да си верник. Ок е да си атеист. Ок е да вариш ракија и да се собирате у двор цела фамилија до трето колено ако тоа ви дава чувство на припадност. Ок е да одиш по слави, свадби, крштевки и остали такви средби ако тоа прави да се чувствуваш посигурно во таквата заедница. Исто така е ок и да мразиш свадби, крштевки и слични дешавки, не затоа што не ги сакаш тие луѓе, туку затоа што едноставно не ги сакаш таквите церемонии и не уживаш во такви настани затоа што ти немаат поента. И никој нема право да те нарече чуден или ненормален. Ок е место да јадеш прасе на некоја слава и да ти тропа тапан на уво, да останеш дома и по кој знае кој пат да си го изгледаш Амадеус. Ок е да живееш во рамките. Ок е да живееш и надвор од нив. За ова второво треба храброст. Затоа повеќето се како првите, но ок е и тоа. Ок е да работиш од 8ч до 16ч и за викенд да идеш у Паралиа. Ок е да работиш трета смена и викенд да ти се понеделник и вторник и да заминеш на викенд у работен ден и тоа не на море, туку на планина. Ок е да се омажиш и да родиш. Ок е да родиш и да не се омажиш.

 

 

Лични финансии

БИЗНИС БАР: Како да одржите здрав животен стил како претприемач

Објавено

на

Да се биде претприемач доаѓа со многу бенефиции, но исто така за успехот може да платите со Вашето здравје. Пренатрупаниот  распоред на еден претприемач обично не дозволува одмор, што може да има негативно влијание врз здравјето. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

БИЗНИС БАР: Важноста да се има удобен канцелариски стол

Објавено

на

Поголемиот дел од нашето време го минуваме во работни простории, но дали истите се прилагодени да влијаат позитивно на нашето здравје и продуктивно на нашата работа. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

М-р Ивана Хаџиванова: Комфор зоната не уништува!

Објавено

на

М-р Ивана Хаџиванова, Психолог, Психотерапевт на својот Фејсбук профил објави неколку моќни реченици кои во целост ја дефинираат опасноста на комфор зоната. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange