Connect with us

Форекс

Поддршка од НЕОКОМ АД за нормално функционирање на Македонската берза

Објавено

на

НЕОКОМ преку својата платформа neoCloud  заедно со Македонска берза им овозможи специјална услуга на брокерите, со која во периодот додека трае кризата со коронавирусот COVID-19, бесплатно ќе може да се приклучат од далечина и да продолжат со редовните активности на берзата, согласно препораките од надлежните институции за непречено тргување во услови на физичко дистанцирање.

„На тој начин вработените во брокерските друштва од дома, без да имаат потреба да доаѓаат во своите канцеларии, ќе можат да ги извршуваат секојдневните трансакции и да продолжат редовните тргувања на Македонската берза”, велат од НЕОКОМ АД.

Работата во облак (cloud) во екот на кризата, посочуваат, е од голема важност имајќи ја предвид потребата од пристапување до податоци од далечина, што всушност ја претставува и главната карактеристика на платформата neoCloud.

„neoCloud e платформа која НЕОКОМ ја имплементираше уште во 2014 година како одговор на потребите на компаниите за работа во облак. Нејзините главни предности се редундантноста, големата достапност и безбедноста кои се најбитни кога станува збор за пристап до податоци. Како потврда за квалитетот на платформата се и бројните институции од финансискиот сектор како банки и осигурителни друштва кои ја користат оваа платформа, а на кои безбедноста и достапноста на податоците им е од основно значење”, посочуваат од НЕОКОМ.

Форекс

Руски економист предупредува: Во егзотични валути не треба да се вложува!

Објавено

на

Најслабите средства во кои секако не треба да инвестирате се таканаречените егзотични валути, изјави за агенцијата „Prime“ инвестицискиот стратег на „BKC World of investments“, Александар Бахтин. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Пад на вредноста на ЕУ валутата – Еврото е пак под 1,13 долари!

Објавено

на

Курсот на еврото денеска повторно падна под прагот од 1,13 долари, објавија германските финансиски публикации. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Поради новиот сој на коронавирусот пад на вредноста на биткоинот за 8 проценти

Објавено

на

Вредноста на биткоинот денеска се намали за речиси 8 проценти по извештаите за нов сој на коронавирусот, кој потенцијално е отпорен на вакцина. (more…)

Продолжи со читање



Популарно