Connect with us

Домашни банки

Поддршка од Комерцијална банка на пензионерските спортски натпревари

Објавено

на

Комерцијална банка 10-та година по ред ќе биде спонзор Републичките пензионерски спортски натпревари, кои одбележуваат 25-годишен јубилеј. Натпреварите ќе се одржат на 29 септември 2021 година во Велес, во комплексот „Бела Вода“, во организација на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, кој оваа година одбележува и 75 години од своето постоење.

Основна цел за организирање на пензионерските спортски игри е развивање натпреварувачки дух и позитивна животна енергија кај пензионерите, нивна социјализација и вклучување во активен и квалитетен личен и општествен живот.

Банката како општествено одговорна компанија ја поддржува оваа организација затоа што грижата за постарите е заедничка грижа на целото општество.

Домашни банки

Комерцијална банка прогласена за Банка на годината во 2021 година од магазинот The Banker

Објавено

на

За „Банка на годината во 2021 година во Република Северна Македонија“ е прогласена Комерцијална банка АД Скопје. Оваа престижна награда финансискиот магазин The Banker ѝ ја доделува на Комерцијална банка втора година по ред, препознавајќи ги нејзината клучна улога во поддршката на економското закрепнување во земјава и излегувањето во пресрет на потребите на клиентите.  (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Кире Наумов и Фарук Исмаили ќе продолжат да раководат со Развојната банка

Објавено

на

Развојна банка на Северна Македонија преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување на Банката. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Петер Зелен реименуван за член на Управниот одбор на НЛБ Банка

Објавено

на

НЛБ Банка АД Скопје преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување на Банката. (more…)

Продолжи со читање


Популарно