Домашни банки
Поддршка на мали и средни компании во девет економии од Меѓународната финансиска корпорација и ПроКредит

Меѓународната финансиска корпорација и ПроКредит ја продлабочуваат соработката за поддршка на мали и средни претпријатија во девет економии во развој за време на кризата предизвикана од вирусот Ковид 19.
- ИФЦ им овозможува на МСП пристап до 100 милиони американски долари преку ПроКредит групацијата
- Целни земји се Албанија, Босна и Херцеговина, Еквадор, Косово, Молдавија, Северна Македонија, Романија, Србија и Украина
- Финансиските средства се наменети да им обезбедат на МСП краткорочен пристап до дополнителни обртни средства.
Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ), членка на Групацијата на Светска банка и ПроКредит Холдинг АГ и Ко КГаА (ПроКредит Холдинг; ПроКредит) обезбедуваат финансиски средства наменети за мали и средни претпријатија (МСП) за да им се овозможи да ги премостат проблемите со ликвидноста што се поврзани со пандемијата на Ковид-19, како и да ги искористат можностите кои произлегуваат од кризата. За таа цел, ИФЦ доделува заем од 100 милиони американски долари на ПроКредит Холдинг. Заемот се доделува во рамките на Програмата за решенија за обртни средства на ИФЦ.
Средствата ќе бидат достапни во краток рок на МСП, кои ги исполнуваат условите во девет од вкупно дванаесетте банки на ПроКредит групацијата. Станува збор за ПроКредит банките во Албанија, Босна и Херцеговина, Еквадор, Косово, Молдавија, Северна Македонија, Романија, Србија и Украина.
Управниот одбор на ПроКредит Холдинг е цврсто убеден дека ПроКредит банките се добро позиционирани да одиграат важна и позитивна улога при поддршката на мали и средни претпријатија во земјите во кои се наоѓаат. Според мислењето на Одборот, силниот сектор на МСП ќе биде од клучно значење за макроекономското закрепнување на земјите во кои работат ПроКредит банките, особено по пандемијата на Ковид-19. Управниот одбор е уверен дека средствата што ги обезбедува долгогодишниот партнер на ПроКредит – ИФЦ ќе им овозможат на добро позиционираните МСП понатаму да се развиваат и да изнаоѓаат нови деловни можности.
„Ова финансирање е осмислено како поддршка на МСП, чијшто проток на готовина е погоден од пандемијата“, рече Виторио Ди Бело, регионален менаџер на индустријата за финансиски институции во Европа и Централна Азија на ИФЦ. „Фокусот на МСП на ПроКредит и широкиот географски опфат се од клучно значење за подобрување на пристапот до финансирање на овие претпријатија, кои обично не ги добиваат услугите, а имаат најголема потреба од нив“.
ИФЦ е акционер на ПроКредит Холдинг, а во 2019 година инвестираше 90 милиони американски долари за првото издавање на „зелени обврзници“ од страна на ПроКредит Холдинг.
Контакт:
Андреа Кауфман, Групациски комуникации, ПроКредит Холдинг, Тел. +49 69 951 437 138, електронска пошта: Andrea.Kaufmann@procredit-group.com
Џенифер Биспинг, ИФЦ Виена, Тел. +43 1 21 70 588, електронска пошта: jbisping@ifc.org
За Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ)
ИФЦ – сестринска организација на Светската банка и членка на Групацијата на Светска банка – е најголема развојна институција на глобално ниво која е фокусирана на приватниот сектор на пазарите во развој. Работиме во повеќе од 100 земји, користејќи го нашиот капитал, експертиза и влијание за да создаваме пазари и можности во земјите во развој. Во фискалната 2019 година инвестиравме повеќе од 19 милијарди американски долари во приватни компании и финансиски институции во земјите во развој за да се искористи моќта на приватниот сектор, за да се стави крај на екстремната сиромаштија и да се поттикне заедничкиот просперитет. За повеќе информации посетете ја веб-страницата www.ifc.org.
За ПроКредит Холдинг АГ и Ко КГаА
ПроКредит Холдинг АГ и Ко КГаА, со седиште во Франкфурт на Мајна, Германија, е матична компанија на развојно ориентиранатаПроКредит групација, која се состои од комерцијални банки за мали и средни претпријатија (МСП). Покрај работниот фокус на ПроКредит Групацијата во Југоисточна и Источна Европа,, ПроКредит Групацијата исто така активно работи и во Јужна Америка и во Германија. Акциите на компанијата се тргуваат на сегментот Prime Standard на берзата во Франкфурт. Главните акционери на ПроКредит Холдинг АГ и Ко КГаА се стратешките инвеститори Zeitinger Invest и ProCredit Staff Invest (инвестициски инструмент на вработените во ПроКредит), холандската DOEN Participaties BV, KfW (Германската развојна банка) и ИФЦ (дел од Групацијата на Светска банка). Како надредена компанија на Групацијата во согласност со германскиот закон за банкарство, ПроКредит Холдинг Аг и Ко КГаА е под надзор на консолидирано ниво од страна на Германското федерално тело за финансиски надзор (Bundesanstalt für Finanzdienstleistungsaufsicht, BaFin) и Германската сојузна банка (Bundesbank). За повеќе информации посетете ја страницата: www.procredit-holding.com.
Изјави засновани на очекувања
Ова соопштение за медиумите содржи изјави кои се однесуваат на нашиот иден деловен развој и финансискиот перформанс, како и изјави поврзани со идни активности или развој кои влијаат на ПроКредит Холдинг или на ПроКредит банките, а се засновани на идни очекувања. Ваквите изјави се засновани врз основа на сегашните очекувања и претпоставки на управниот одбор на ПроКредит Холдинг, од кои повеќето се надвор од контролата на ПроКредит Холдинг или на ПроКредит банките. Според тоа, тие подлежат на мноштво ризици, неизвесности и фактори. Ако се оствари еден или повеќе од овие ризици или неизвесности или, пак, основните очекувања или претпоставки се покажат како неточни, тогаш вистинските резултати, перформансот и постигнувањата (и негативни и позитивни) на ПроКредит Холдинг или на ПроКредит банките може значително да се разликуваат од оние кои се јасно или имплицитно изразени во изјавата заснована на очекувања. ПроКредит Холдинг или ПроКредит банките не преземаат никаква обврска да ги ажурираат овие изјави засновани на очекувања или, пак, да ги коригираат во случај на отстапувања од очекуваниот развој на настаните.
Домашни банки
Комерцијална банка прогласена за „Банка на годината во 2023“ од магазинот The Banker

Комерцијална банка АД Скопје е прогласена за „Банка на годината во 2023 година во Република Северна Македонија“ од угледниот финансиски магазин The Banker. Оваа престижна награда и е доделена на Комерцијална банка по јубилеен 10-ти пат. (more…)
Домашни банки
Личниот пристап кон клиентите е клучен за градење доверба

Банките се двигатели на секоја економија, а нивната одговорност кон клиентите е повеќеслојна и поеднакво се однесува и на бизнисите (правните лица) и на поединците (физичките лица). (more…)
Домашни банки
Доделен автомобилот TESLA на среќниот добитник во наградната игра на Стопанска банка АД – Скопје

Најсреќниот добитник во големата наградна игра на Стопанска банка, Ацо Савиќ, вчера (23 ноември) пред просториите на Банката во центарот на Скопје ги доби клучевите од новиот автомобил TESLA model 3. Автомобилот е главната награда од наградната игра на Стопанска банка со Mastercard платежните картички „Најбрзо до Тесла возило со СБ”, која траеше од 1 јули до 31 октомври. (more…)
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Осигурувањепред 2 months
АСО со обуки ќе ја гради и зајакнува финансиската едукација на средношколци – математичари
- Домашни банкипред 2 months
Компании во земјава реализираат 20 „зелени“ проекти од кредитната линија на ЕБОР преку Стопанска банка
- Домашни банкипред 1 month
Данијела Јовческа, Никола Горгиевски и Марија Танаскоска се најдобрите банкарски службеници од Шпаркасе Банка во 2023 година
- Банкипред 2 months
Шпаркасе Банка АД Скопје вработува Член на Управен Одбор
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Business Manпред 2 months
Проф. Д-р Драгољуб Арсовски се стекна со 3.003 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Шпаркасе Банка го активираше порталот за тестирање на платформата за отворено банкарство