Домашни банки
Поддршка за уметноста од Халкбанк АД Скопје!

Халкбанк им подари уметнички дела на своите партнери и соработници и со ваквиот избор на новогодишни корпоративни подароци ја поддржи уметноста и младите уметници во земјава. Станува збор за 150 графики кои беа изработени од неколку академски графичари, членови на Графичката работилница „Софија“ од Богданци.
„Годинава одлучивме традиционалните новогодишни корпоративни подароци да ги замениме со автентични уметнички дела изработени од талентирани уметници од Македонија. На овој начин практично ја заокружуваме 2022 година во која поддржавме и организиравме голем број настани и работилници кои ја поттикнуваат креативната енергија кај луѓето, а пред сè кај децата. Испраќаме порака дека за нас како банка важни се луѓето, нашите партнери и соработници, но важни се и уметниците и уметноста“, изјави Маја Наумовска-Савеска од Халкбанк АД Скопје.
„Ова е навистина позитивен гест од Халкбанк затоа што сметаме дека мора сите заедно да работиме за уметноста да го најде својот пат и своето место во нашето општество. Графиките беа создадени во неколку различни техники и станува збор за уникатни уметнички дела, кои се извор на личната инспирација на графичарите кои работеа на нив. Оваа поддршка е дополнително важна, бидејќи годинава ја организиравме 15-та јубилејн Графичка работилница „Софија“ Богданци, а секако веќе се подготвуваме за 16-то издание, кое ќе одржи во август, 2023 година“, вели Виктор Семенпеев, претседател на Здружението на граѓани Графичка работилница „Софија“ Богданци.
Халкбанк во 2022 година беше вистински и искрен пријател на уметноста и клутурата. Банката го поддржа Фестивалот за литература и илустрација за деца „Литера“, организираше креативни работилници за деца во повеќе градови во државата и донираше детски катчиња, книги и сликовници во библитеките во Струмица, Штип и Кавадарци. Исто така Банката беше поддржувач и на Beach Film Festival и Галичник Филм Фестивал, потоа манифестацијата „Култура под небото“ која се оддржуваше на отворената сцена на Булфрогс балетското школо во Паркот на Франкофонијата и која всушност претставуваше проект за подобрување на физичкиот и менталниот развој на децата и младите и за поттикнување на едукација во културната сфера, како и проектот Македонисимо на нашиот најпознат пијанист Симон Трпчевски кој е проект посветен на македонскиот народ, односно проект кој ја воздигнува и афирмира македонската традиционална музика.
Домашни банки
Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка нема да работат на 2 јуни 2023 година

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје нема да работат на 2 јуни (петок) 2023 година заради празнување на Духовден. (more…)
Домашни банки
Финансиска поддршка од Комерцијална банка за ново издание на турнирот во мал фудбал „Тоше Проески“

Меѓународниот турнир во мал фудбал „Тоше Проески“ во Крушево и годинава, со финансиска поддршка од Комерцијална банка, собра на едно место спортски екипи од повеќе држави во чест и спомен на музичката легенда. (more…)
Домашни банки
Комерцијална банка ја врачи престижната награда „Роман на годината“ на академик Влада Урошевиќ

Сo сечено врачување на наградата „Славко Јаневски“ на академик Влада Урошевиќ, Комерцијална банка како Генерален покровител одбележа уште едно престижно издание на „Роман на годината“.
Наградата под покровителство на Комерцијална банка се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150 илјади денари, а годинава ја доби романот „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“ од академик Влада Урошевиќ, во издание на „Арс Либрис“. Традиционално наградата ја доделува Фондацијата за промоција и унапредување на културата „Славко Јаневски“.
Академик Урошевиќ е особено горд на наградата и на своето дело, кое докажува дека „македонскиот јазик може да се справи со најтешките задачи што книжевното творештво ги поставува пред него и дека на планот на книжевните идеи имаме што да му покажеме на светот“.
Банката обезбедува и 183.000 денари за паричен надоместок на членовите на жири-комисијата, кои годинава одлучуваа за победникот во конкуренција на 35 романи.
„Комерцијална банка е горда што е поддржувач на оваа значајна манифестација, во која препознава искрена желба и длабока волја за негување на македонскиот пишан збор и за создавање богато наследство за идните генерации. Секогаш е полесно заедно да успееме во оваа благородна цел“, порача Андреј Јовковски, директор на Самостојната дирекција за маркетинг во Комерцијална банка, при врачувањето на наградата.
Со поддршката на „Роман на годината“, како и со целокупната своја поддршка на домашната литература, Комерцијална банка дава долгорочен и исклучително значаен придонес за унапредување на литературното творештво во земјава.
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Стопанска Банка а.д. Битола
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Домашни банкипред 1 month
ПРВ КВАРТАЛ ОД СОНИШТАТА ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – добивката зголемена за речиси 100%!
- Платежни картичкипред 1 month
VISA TRAVEL – нова кредитна платежна картичка на Халкбанк АД Скопје