Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Анализи

Подготвени ли се банките во Македонија за имплементирање на двојазичноста?

Објавено

на

Од моментот на стапување во сила на Законот за јазици, албанскиот јазик ќе добие проширена употреба. Покрај македонскиот, во институциите службен јазик станува и албанскиот, што ќе се применува во комуникацијата, употребата и примената во сите постапки на граѓаните.

Што ќе донесе примената на Законот за употреба на јазиците? Тоа би значело дека сите закони и други акти донесени од Собранието ќе бидат објавувани на македонски и на албански јазик. Истото важи и за одлуките кои ќе ги носи Владата. Покрај македонскиот во институциите службен јазик станува и албанскиот, што ќе се применува во комуникацијата, употребата и примената во сите постапки на граѓаните пред сите органи што ја сочинуваат државната власт.

Граѓаните Албанци ќе можат до сите органи на централната власт да се обратат и писмено и усно на својот мајчин јазик и органот ќе треба писмено да им одговори на нивниот јазик. Службениците во тие органи не се должни својата усна комуникација да ја водат на тој јазик, туку на службениот, но мора да се обезбеди превод и писмената комуникација да се одвива на јазикот на кој им се обраќа странката, објаснуваат упатените.

Законот ги обврзува судовите, јавните обвинителства, како и сите други органи, тела и други институции да овозможат користење, употреба и примена на кој било од службените јазици и нивните писма во своите постапки. Упатените посочуваат дека во кривичните постапки и досега се применуваше овој закон, но дека сега неговата употреба ќе се прошири и во граѓанските постапки и пред Управниот суд. Тоа значи дека тие граѓани ќе можат да се обраќаат пред судовите или обвинителството на својот мајчин јазик, а органот ќе треба да обезбеди преведувач.

Законот предвидува ваква двојазична комуникација и во органите на локалната самоуправа. Називите на институциите, другите натписи и патокази во подрачјата каде што најмалку 20% од граѓаните зборуваат јазик различен од македонскиот, ќе бидат напишани покрај македонски и на јазикот кој го зборува немнозинската етничка заедница. Сите органи на државната власт ќе имаат двојазични веб страни. Освен на македонски јазик, содржината на веб страниците, ќе биде објавувана и на албански јазик.

Банките во Република Македонија се во приватна сопственост, засега оставено е на бизнис логиката и волјата на менаџментот да одлучат на кој начин ќе ја водат комуникацијата со клиентите. Во општините каде постои население од албанска националност, неминовно е барем еден од вработените да го познава овој јазик.

Банкарство.мк направи анализа поврзана со веб страните на банките во Македонија, односно на кои јазици е достапна содржината.

Погледнете во продолжение: 

 

Народна банка на Република Македонија – македонски, албански и англиски јазик.

НЛБ Банка – македонски и англиски јазик.

Комерцијална банка – македонски, албански и англиски јазик.

Стопанска банка АД – Скопје – македонски и англиски јазик.

Охридска банка Сосиете Женерал – македонски и англиски јазик.

Халкбанк – македонски, албански, турски и англиски јазик.

Шпаркасе Банка Македонија – македонски и англиски јазик.

ТТК Банка – македонски и англиски јазик (веб страната на албански јазик е во изработка).

Капитал – македонски, албански и англиски јазик.

ПроКредит – македонски, албански и англиски јазик.

Стопанска банка а.д. Битола – македонски, албански и англиски јазик.

Централна кооперативна банка – македонски јазик.

Еуростандард – македонски, албански и англиски јазик.

Силк Роад Банка – македонски и англиски јазик.

УНИБанка – македонски и англиски јазик.

Анализи

Вештачката интелигенција ќе остави 10 милиони банкари без работа до 2030 година

Објавено

на

Студијата на IHS Markit предвидува дека Вештачката интелигенција (AI – Artificial Intelligence) ќе им заштеди 300 милијарди долари на банките до 2030 година, истовремено оставајќи околу десет милиони банкари без работа. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

„FinanceThink“: Плата во плико најмногу земаат вработените осигурени на минимална плата

Објавено

на

Анализа направена од „FinanceThink“ покажува дека 17,8 проценти од работниците во државата, кои имаат формален договор за вработување, добиле плата во плико односно плата на рака. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

60% од клиентите се подготвени да ги споделат своите лични податоци со банките и осигурителните компании

Објавено

на

Повеќе од половина од испитаниците се подготвени да ги споделат своите лични податоци со осигурителните компании и банките за да имаат корист, како што се изработка на персонални понуди и попусти, покажува истражувањето на Accenture, кое опфати вкупно 47.000 учесници на 28 пазари. (more…)

Продолжи со читање
project

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange