Connect with us

Домашни банки

Подароци од Верверичката на Комерцијална банка за првачињата во ООУ „Киро Глигоров“

Објавено

на

Првиот училишен ден е највозбудливиот, најсреќниот и најочекуваниот ден за секое прваче. Радоста, среќата и возбудата со првачињата во ООУ „Киро Глигоров“ овој 1 септември ја сподели и Верверичката на Комерцијална банка.

Таа беше во дворот на училиштето уште со првото училишно ѕвонче за да ги поздрави првачињата, да им посака многу петки и успех во учењето. Верверичката им подели и подароци на сите првачиња во ова училиште со цел да ги поттикне да бидат посветени, креативни и одговорни ученици.

Верверичката како член на семејството на Комерцијална банка се грижи за децата, за создавање вредни и корисни навики кај децата и за подготовка на децата за здрава финансиска иднина. Банката како општествено одговорна компанија ја смета финансиската писменост за основа за среќна иднина на секој човек. А, најдобро е кога добри навики и финансиско знаење се стекнуваат од мали нозе. Затоа нашата Верверичка редовно се дружи со децата и ги учи дека штедењето е многу добра навика за создавање здрава иднина“, изјави д-р Маја Стевкова Штериева, Главен финансов директор и член на Управниот одбор на Комерцијална банка, честитајќи им го првиот училишен ден на сите првачиња со желба за многу успеси во нивниот образовен процес.

Дополнителна забава и возбуда за учениците во ООУ „Киро Глигоров“ беше можноста да се сликаат со Верверичката и од својот прв училишен ден оваа година да понесат не само убави, туку и несекојдневни сеќавања.

А, Верверичката, како нивна верна и вредна другарка, останува посветена на својата мисија да ги учи децата дека штедењето пари е една од најдоблесните човечки навики за безгрижна иднина и лична благосостојба.

Домашни банки

Комерцијална банка прогласена за „Банка на годината во 2023“ од магазинот The Banker

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје е прогласена за „Банка на годината во 2023 година во Република Северна Македонија“ од угледниот финансиски магазин The Banker. Оваа престижна награда и е доделена на Комерцијална банка по јубилеен 10-ти пат. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Личниот пристап кон клиентите е клучен за градење доверба

Објавено

на

Банките се двигатели на секоја економија, а нивната одговорност кон клиентите е повеќеслојна и поеднакво се однесува и на бизнисите (правните лица) и на поединците (физичките лица). (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Доделен автомобилот TESLA на среќниот добитник во наградната игра на Стопанска банка АД – Скопје

Објавено

на

Најсреќниот добитник во големата наградна игра на Стопанска банка, Ацо Савиќ, вчера (23 ноември) пред просториите на Банката во центарот на Скопје ги доби клучевите од новиот автомобил TESLA model 3. Автомобилот е главната награда од наградната игра на Стопанска банка со Mastercard платежните картички „Најбрзо до Тесла возило со СБ”, која траеше од 1 јули до 31 октомври. (more…)

Продолжи со читање

Популарно