Депозити
Подарок штедни книшки од Комерцијална банка по повод Светскиот ден на штедењето

„31 октомври? Тоа не е ден за одмор. Тоа треба да биде ден на работата и претприемништвото поттикнати од идеалот за штедење“.
Ова мото произлезе од Првиот меѓународен конгрес на штедилниците, одржан токму на 31 октомври 1924 година во Милано, на кој 29 земји ја започнаа иницијативата за зголемување на свеста за важноста на штедењето. Веднаш по Првата светска војна, за првпат на маса била ставена идејата за штедење на постојните ресурси и промена на начинот на нивната употреба.
Како дел од глобалниот финансиски свет, Комерцијална банка го одбележува овој ден, потврдувајќи ги на тој начин своите корпоративни вредности на општествено одговорна банка, која е насочена кон поединецот и кон неговата финансиска сигурност и безбедност – токму во духот на новото мото ПОЛЕСНО Е ЗАЕДНО. Комерцијална банка на штедењето постојано му дава дополнителна вредност затоа што кај граѓаните поттикнува идеја за заедништво и градење правилен однос кон финансиите уште од најмали нозе.
Сакајќи да ги научи младите на вистинските вредности и на донесување мудри одлуки, но и да им даде почетен „ветер во грб“, веќе 16 години по ред Комерцијална банка им отвора штедни книшки на сите новороденчиња на овој ден. Со оваа акција, банката досега започна убава финансиска приказна на повеќе од 600 дечиња, на чии први штедни книшки се вложени над 3.000.000 денари. И оваа година секое новороденче на 31 октомври од Комерцијална банка ќе добие подарок во вид на штеден влог во износ од 5.000 денари.
Мисијата за создавање навика за штедење кај децата, Комерцијална банка годинава ја дополни со нов проект. На тема штедење размислуваа, истражуваа и пишуваа ученици од средното училиште „Васил Антевски Дрен“ од Скопје, а авторите на трите најдобри есеи ќе добијат штедни книшки со награден депозит од 6.000, 4.500 и 3.000 денари, соодветно.
Штедењето не е само добра навика, туку и вредна инвестиција затоа што заштедата не ја губи својата вредност и дополнително се зголемува за износот на каматата. Со цел да го направи штедењето уште поедноставно и подостапно, Комерцијална банка ќе воведе и Паричен депозит, со кој клиентот без штедна книшка ќе може да располага со својата заштеда, а промените ќе ги следи на својот извештај од паричниот депозит.
Постојат уште многу причини плус зошто треба да се штеди. Но, финансиската сигурност и можноста да се остварат поголеми или помали цели се повеќе од доволна причина.
Депозити
„Растеме заедно“ – Детско штедење од Стопанска банка а.д. Битола со фиксна каматна стапка 4,1%

Стопанска банка а.д. Битола своето портфолио на производи го дополни со нов денарски депозит – детско штедење со промотивна фиксна каматна стапка од неверојатни 4,1%, со рок на орочување 36 месеци. Детското штедење е наменето за деца од нивното раѓање па се до 18 годишна возраст. (more…)
Депозити
Одбележан Светскиот ден на штедењето, промовиран Букварот за финансиска едукација и доделување детско штедење на Идолите на Халки

Со целодневна едукативно-забавна работилница за деца, промоција и видеопроекции и многу музика, Халкбанк АД Скопје вчера во Градскиот парк во Скопје го одбележа 31 Октомври, Светскиот ден на штедењето. Со тоа беше заокружена кампањата „Среќата е во малите чекори“ и низата активности со кои банката го одбележа месец октомври. (more…)
Депозити
31 Октомври – најсреќниот ден за „Верверичката“ на Комерцијална банка

Децата се нашата среќа, нашето наследство и иднина, но и нашата одговорност. Нашиот влог е да израснеме образовани, одговорни и амбициозни млади луѓе кои ќе можат понатаму успешно да се носат со предизвиците на животот. (more…)
- Домашни банкипред 2 months
Халкбанк со тројца нови членови на Управниот одбор – Беркан Имери, Александар Иљов и Мухамед Хаџипази
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Осигурувањепред 2 months
АСО со обуки ќе ја гради и зајакнува финансиската едукација на средношколци – математичари
- Домашни банкипред 1 month
Компании во земјава реализираат 20 „зелени“ проекти од кредитната линија на ЕБОР преку Стопанска банка
- Домашни банкипред 4 weeks
Данијела Јовческа, Никола Горгиевски и Марија Танаскоска се најдобрите банкарски службеници од Шпаркасе Банка во 2023 година
- Банкипред 2 months
Шпаркасе Банка АД Скопје вработува Член на Управен Одбор
- Business Manпред 2 months
Проф. Д-р Драгољуб Арсовски се стекна со 3.003 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје