Наградни игри
„Подарок со многу нули“ – нова наградна кампања од Халкбанк

Во екот на најеуфоричниот период од годината, кога деновите од календарот се исполнети со датуми што обележуваат многу прослави и празнувања, следствено доаѓа и потребата од пазарување, било за пречекување гости на семејни слави или за пречек на Новата година. Затоа, Халкбанк за своите клиенти повторно подготви кампања со наградување.
Кампањата наречена „Подарок со многу нули“ што стартува денеска и ќе трае до 31 декември, е наменета за физички лица кои се иматели на кредитни картички од брендот Mastercard (Mastercard Standard, Mastercard Credit Contactless и Mastercard World Contactless) издадени од Халкбанк АД Скопје.
Истата предвидува првите 1.000 иматели на кредитни картички кои до крајот на декември ќе направат трансакции преку ПОС терминали или како интернет трансакции во вкупна вредност од минумум 10.000 денари, да добијат поврат на средства од 1.000 денари како подарок од Халкбанк.
Повратот на средства ќе биде направен неколку дена по достигнување на трошењето од минимум 10.000 денари, а корисникот добиениот поврат ќе може да го види на изводот на кредитната картичка и на електронското, односно мобилното банкарство и да го искористи за идни плаќања по сопствен избор.
Еден ист корисник ќе може по втор пат да освои награда само доколку го исполни условот со различни кредитни картички (Mastercard World Contactless и Mastercard Credit Contactless/ Mastercard Standard ), односно и со двете картички да има промет од по 10.000 денари во периодот на кампањата.
Користете ги вашите Mastercard картички за сите ваши пазарувања во претстојниот период и бидете добитник на 1.000 денари подарок од вашиот верен партнер – Халкбанк АД Скопје.
Наградни игри
„#ПроВозиСе со ПроКредит и Mastercard” и добиј нов градски велосипед

ПроКредит банка и Mastercard ве носат на возбудливо возење, со новата наградна игра „#ПроВозиСе со ПроКредит и Mastercard”, создадена да ве инспирира да негувате здрави животни навики. Наградната игра „#ПроВозиСе со ПроКредит и Mastercard” ги поддржува основните вредности за кои ПроКредит банка се залага како одговорна компанија – поттикнување на култура на штедење, целокупно подобрување на квалитетот на животот, грижа за нашата животна средина и промовирање на здрав животен стил. (more…)
Наградни игри
Нова наградна игра за корисници на Mastercard кредитни картички од УНИБанка – „ТРОШИ ПОВЕЌЕ, ТРОШИ ПАМЕТНО – КЕШБЕК ОД УНИБАНКА“

Плаќајте со вашата Mastercard Standard или Mastercard Gold кредитна картичка од УНИБанка и квалификувајте се за поврат на средства. Првите 150 во месецот кои ќе извршат 5 трансакции во категориите ресторани, барови, ноќни клубови, хотели, мотели, ресорти или туристички агенции ќе добијат 1.000 денари кешбек! (more…)
Наградни игри
Голема наградна игра на Стопанска банка а.д. Битола и VISA

Започна големата наградна игра “VISA и STBBT – СПОЈ ЗА СУПЕР НАГРАДИ’’!
(more…)
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Стопанска Банка а.д. Битола
- Платежни картичкипред 1 month
VISA TRAVEL – нова кредитна платежна картичка на Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 1 month
ПРВ КВАРТАЛ ОД СОНИШТАТА ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – добивката зголемена за речиси 100%!
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје