Connect with us

Останато

Поголем дел од светската популација ќе користи дигитални паричници до 2026 година

Објавено

на

Повеќе од пет милијарди луѓе ќе користат дигитални паричници до 2026 година. Водечки фактор во нивното ширење ќе бидат „супер-апликациите“ кои ќе го поттикнат нивното усвојување меѓу луѓето, особено во земјите во развој, според глобална студија.

„Во следните четири години, бројот на глобални корисници на дигитални паричник ќе достигне 5,2 милијарди, од 3,4 милијарди оваа година”, соопшти „Juniper Research“. Компанијата за аналитика откри дека растот ќе биде претежно достапен во земјите кои се сметаат за „тешки за готовина“.

Голем поттик за усвојувањето на дигитални паричници ќе дојде од она што аналитичарите го опишуваат како „супер апликации“ – оние кои комбинираат повеќе услуги и нудат можност за плаќање.

Земјите од Југоисточна Азија – Филипините, Тајланд и Виетнам – се очекува да забележат најбрз раст. „Juniper Research” предвидува дека 75% од населението на овие земји ќе почне да ракува со дигитални паричници во следните четири години.

„Овие брзорастечки пазари претставуваат значајна можност за продавачите на дигитални паричници. Но, тие треба да работат паметно за да ја максимизираат својата позиција“, вели Дамла Сат од „Juniper Research”, коавтор на студијата.

„Високо конкурентниот пејзаж на паричникот значи дека провајдерите треба да се разликуваат, на пример со интегрирање на машинското учење за да обезбедат увид во трошоците и воведување нови услуги за управување со залихи за да понудат додадена вредност“, коментира аналитичарот.

Плаќањата со помош на QR-кодови ќе бидат најкористениот вид трансакција со дигитален паричник до 2026 година, се додава во студијата. Прогнозата е за 380 милијарди трансакции ширум светот оваа година. Плаќањата со QR код ќе учествуваат со 40% од сите трансакции по волумен.

Друга студија од Juniper покажа во април дека вредноста на плаќањата со дигитални паричници ќе биде повеќе од 12 трилиони долари во 2026 година. Се вели дека PayPal е водечки снабдувач на дигитални паричник, а потоа следат „Alipay”, „WeChat Pay”, „Apple Pay” и „Google Pay”.

Дигиталните технологии за плаќање добија неочекувано забрзување на побарувачката за време на пандемијата Ковид-19. Тогаш владите наметнаа правила за да спречат физички контакт и потрошувачите беа принудени да користат дигитални услуги за се што е можно.

Останато

Бесими: Не ни треба триумфално решение, туку најоптимално решение за прогресивниот данок

Објавено

на

Низ дебата сакаме да дојдеме до најоптималното решение за прогресивниот данок. Не сум да одиме со триумфално решение, туку со решение прифатливо од сите, вели министерот за финансии Фатмир Бесими во интервјуто за МИА. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Инфлацијата во Хрватска достигна рекордни 12,3 проценти

Објавено

на

Потрошувачките цени во Хрватска во јули пораснаа 12,3 проценти во однос на истиот месец минатата година, што претставува највисока стапка на инфлација откако Државниот завод за статистика (ДЗС) ги евидентира податоците. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Бесими за МИА: И да не отворевме дебата за даночните реформи, има закони кои стапуваат во сила од 1 јануари

Објавено

на

И да не ја отворевме дебатата за даночните реформи, има законски решенија кои стапуваат во сила од 1 јануари 2023 година, како што се за оданочувањето на приходите над милион денари годишно и оданочувањето на каматите на депозитите, вели министерот за финансии Фатмир Бесими во интервјуто за „МИА”. (more…)

Продолжи со читање


Популарно