Connect with us

Останато

Повторно претставник на нашата земја е европски вицешампион на Европскиот квиз на парите

Објавено

на

На најголемото европско натпреварување во сферата на финансиската едукација, вторпат по ред се случи голем успех за нашата земја. Европската банкарска федерација (ЕБФ) ги објави победниците на годинешното издание на европското финале на Европскиот квиз на парите и соопшти дека европски вицешампион е Христијан Андовски од средното училиште „Коле Неделковски“ од Велес. Првото место го освои претставник на Шпанија, додека третопласирани се претставници на Чешка.

Минатата година, кога нашата земја за првпат учествуваше во Европскиот квиз на парите, европски вицешампиони беа Викторија Панова и Марко Инѓилизов од гимназијата „Кочо Рацин“ од Велес, коишто претходно беа победници на националниот натпревар. Повторувањето на успехот на европско ниво од страна на младиот велешанец Андовски, уште еднаш потврдува дека интензивното вложување во финансиската едукација на младите од земјата, веќе дава видливи резултати, како преку интересот на младите за стекнување знаења во областа на финансиите, така и преку подигнување на нивото на нивната финансиска писменост. Дополнителен показател за ова е и тоа што годинава, во големото европско финале на Европскиот квиз на парите, најбројни беа претставниците на нашата земја.

rpt

Инаку, Андовски ја имаше искористено можноста што годинава ЕБФ ја даде заради глобалните околности со пандемијата на ковид-19, во финалето на Европскиот квиз на парите, преку онлајн-пристап да можат да учествуваат сите заинтересирани, вклучително и учениците коишто претходно не учествувале во националните натпреварувања. Второто место во Европа, тој го освои во конкуренција на голем број натпреварувачи од 28 држави. Според податоците на ЕБФ, во европски рамки, преку онлајн-платформата Кахут (Kahoot!), оваа година, бројот на учесници на Европскиот квиз на парите е значајно поголем во споредба со минатата година.

Учеството на нашата земја на Европскиот квиз на парите го организира Македонската банкарска асоцијација (МБА) во соработка со Народната банка и Комисијата за хартии од вредност, со поддршка од Министерството за финансии и Министерството за образование и наука. За претстојниот период се планираат и други заеднички активности во сферата на финансиската едукација, прилагодени на можностите во текот на пандемијата на ковид-19.

Останато

Ангеловска: Реотварањето на економијата – побрзо, приходите во јуни – подобри од очекуваното

Објавено

на

Наплатата на приходите во јуни значително подобра од проекциите, што укажува на тоа дека реотварањето на економијата ќе оди побрзо од очекуваното. За јуни наплатата на приходите во однос на лани е 9,6%, што е подобрување во однос на претходните два месеци. Дури има и натфрлање на одредени давачки за високи проценти во однос на лани како кај персоналниот данок на доход и придонесите. Ова го истакна министерката за финансии Нина Ангеловска на редовната прес-конференција за месечното извршување на буџетот, кои во насока на зголемена транспарентност е одржуваат од почетокот на COVID-19 кризата. (more…)

Продолжи со читање

Останато

УЈП: Се заокружи второто тримесечје на МојДДВ за 2020 година, исплата ќе се врши во август

Објавено

на

Управата за јавни приходи известува дека на 30.06.2020 година се заокружи второто тримесечје од 2020 година за поврат на ДДВ кај физичките лица. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Извршниот директор на „Airbnb“, Брајан Чески: „Ни требаа 12 години да го изградиме брендот, а изгубивме скоро сè за само 6 недели“

Објавено

на

Можете да поминете децении во градењето на вашиот сон, а светот може да го уништи со нешто што е случајно како пандемија на непознат вирус. Ова е точно она што и се случи на компанијата „Airbnb“ и на нејзиниот извршнен  директор Брајан Чески, со појавата на Ковид-19 годинава. (more…)

Продолжи со читање

Популарно