Connect with us

Домашни банки

ПОВТОРНО НАЈДОБРА – Стопанска банка АД – Скопје со нето-добивка од 23,8 милиони евра го заокружи првото полугодие од 2022 година

Објавено

на

Првата половина од 2022 година наметна сериозни долгорочни предизвици на глобално ниво кои особено негативно се рефлектираат врз европската економија, а со тоа и врз домашната економија. Високите цени на енергијата и нафтените деривати заедно со инфлаторните притисоци и пролонгираната Ковид пандемија воспоставуваат нова реалност во економското и севкупното живеење. Како и во секоја криза, економиите и бизнисите се соочени со предизвикот за соодветни прилагодувања од поширок опсег со цел да се обезбеди нивниот континуитет и да се надминуваат последиците од кризата.

Стопанска банка АД Скопје (во натамошниот текст: СБ или Банката) во првата половина од 2022 година оствари добивка пред оданочување во износ од 1.628.201 илјади денари или нето добивка од 1.465.381 илјади денари (23,8 милиони евра). Како резултат на интензивната активност на Банката, целосно поставена на прудентни основи, сите приходни позиции од билансот на успех за првото полугодие од 2022 година, покажуваат соодветен раст.

Притоа, и покрај зголемените цени на енергијата и на другите стоки и услуги, Банката успеа да ги одржи оперативните трошоци на релативно исто ниво споредено со претходниот период. Сето тоа, заедно со намалувањето на трошокот за исправка на вредност на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансната изложеност, резултираше со зголемена добивка пред оданочување за 34%, во однос на истиот период од минатата година. Вкупната актива на Банката на крајот на јуни 2022 година изнесува 115.585.072 илјади денари и е поголема за 1% во однос на износот на активата на 31.12.2021 година.

Во натамошниот текст ќе бидат претставени одделните позиции од билансот на успех и од билансот на состојба на Стопанска банка АД Скопје.

Биланс на успех

Нето-приходите од камати изнесуваат 1.990.215 илјади денари и се зголемени за 5% во однос на истиот период од минатата година, најмногу како резултат на зголемените кредитни активности и врз основа на тоа-зголеменото кредитно портфолио на Банката.

Нето-приходите од провизии и надоместоци изнесуваат 452.529 илјади денари и се зголемени за 16% во однос на анализираниот период во 2021 година. Ова е резултат на зголемен обем на активности односно зголемен обем на испорачани услуги на клиентите, од кои најмногу во делот на услугите во платниот промет и картичното работење.

Нето-приходите од курсни разлики забележаа пораст од 37% и изнесуваат 83.828 илјади денари, како резултат на зголемениот обем на тргувања на девизниот и менувачкиот пазар.

Останатите приходи од дејноста забележаа зголемување од 119% и изнесуваат 416.296 илјади денари.

Оперативните трошоци од работењето останаа на релативно исто ниво и покрај зголемувањето на цените на скоро сите позиции, при што трошоците за вработени изнесуваат 452.217 илјади денари, додека оперативните трошоци изнесуваат 399.044 илјади денари.

Во анализираниот период, Банката издвои исправка на вредност на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансната изложеност, на нето-основа, во износ од 389.597 илјади денари, која е намалена за 12% во однос на истиот период од претходната година.

Биланс на состојба

Вкупната актива изнесува 115.585.072 илјади денари, повисока за 1% односно 1.482.373 илјади денари во однос на крајот од минатата година.

Паричните средства и паричните еквиваленти споредени со крајот на 2021 година се пониски за 3.406.566 илјади денари, односно за 16%, како резултат на порастот на кредитните активности на Банката и употребата на ликвидноста за оваа намена. Дополнително, во текот на првото полугодие на 2022 година, граѓаните и компаниите интензивно ги користеа своите депозити во услови на зголемена инфлација и потреба за поголеми плаќања за енергија, набавка на потребни стоки, суровини и репроматеријали, итн.

Кредитите на и побарувањата од други комитенти нето остварија пораст од 7% споредено со крајот на минатата година и изнесуваат 83.146.636 илјади денари.

Кредитите на и побарувањата од банки изнесуваат 299.845 илјади денари и бележат зголемување во однос на крајот на 2021 година за 8%.

Вложувањата во хартии од вредност изнесуваат 11.966.962 илјади денари и се намалени за 3% во однос на крајот на минатата година, како резултат на зголемените кредитни активности и потреба за повлекување на овие средства за редовно работење.

Останатите побарувања забележаа пораст од 3% и изнесуваат 1.617.100 илјади денари.

Вкупните депозити на други комитенти изнесуваат 84.742.823 илјади денари.

Капиталот и резервите изнесуваат 21.287.586 илјади денари, што претставува зголемување за 8% во однос на крајот на 2021 година. Имено, со одлуката на Собранието на акционери, регулаторниот капитал се зголеми за нови 30 милиони евра, капитал кој обезбедува основа за непречено реализирање на зацртаните бизнис-цели во наредниот период.

Вложувањата или продажбата на материјалните средства (недвижности, постојки и опрема) или значителен отпис (поголем од 30% од вредноста на средството споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи)

Недвижностите и опремата изнесуваат 836.264 илјади денари.

Промени во кредитните задолжувања (намалувања или зголемување поголеми од 30% споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи)

Обврските по кредити изнесуваат 4.876.081 илјади денари и се зголемени во однос на крајот на 2021 година за 3.189.783 илјади денари, пред сѐ поради искористување на поволните услови од расположливите кредитни линии.

Очекувања за претстојниот период

Стопанска банка ќе ги продолжи своите активности согласно деловниот план, истовремено водејќи грижа за зачувување на квалитетот на кредитното портфолио во услови на зголемени ризици во севкупната околина, поддршка на работењето на клиентите во сите сфери, како и целосно исполнување на сите регулаторни обврски. Грижата за стабилноста, ликвидноста, прудентното управување со ризиците и посветеноста на одржување на лидерската позиција во банкарскиот систем, останува во доменот на основните приоритети и во наредниот период.

Во текот на анализираниот период Банката доби дозвола за извршување на лизинг услуги со што ја прошири палетата на своите производи и услуги за компаниите и населението. И понатаму како приоритет остануваат новите дигитални и функционални можности за клиентите преку веќе воспоставената комуникациска инфраструктура.

Грижата за општествената заедница и вработените исто така остануваат на преден план, со иста приоритетна важност како останатите спомнати таргети.

Исплатени дивиденди

Во анализираниот период Стопанска банка АД Скопје исплати дивиденда на имателите на приоритетни акции во вкупен износ од 1.137.220,00 денари или бруто-износ од 5 денари по акција, која се реализираше во текот на месец јуни 2022 година. Право на дивиденда остварија сите акционери што се стекнале со приоритетни акции до 15.6.2022 година (датум на пресек во акционерската книга), односно последен ден на тргување со право на дивиденда беше 13.6.2022 година.

Домашни банки

Комерцијална банка меѓу најдобрите иноватори во светот – Прогласена од Global Finance за Врвен иноватор во корисничко искуство за услугите преку OneID

Објавено

на

Комерцијална банка влезе во друштвото на врвните финансиски иноватори во светот со воведувањето на услугата електронска идентификација преку OneID. Меѓународниот магазин Global Finance ѝ ја додели на Комерцијална банка угледната награда „Врвен иноватор во корисничко искуство за 2023 година за услугите преку OneID“, со што ја рангираше Банката меѓу Топ финансиските иноватори во светот. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка нема да работат на 2 јуни 2023 година

Објавено

на

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје нема да работат на 2 јуни (петок) 2023 година заради празнување на Духовден. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Финансиска поддршка од Комерцијална банка за ново издание на турнирот во мал фудбал „Тоше Проески“

Објавено

на

Меѓународниот турнир во мал фудбал „Тоше Проески“ во Крушево и годинава, со финансиска поддршка од Комерцијална банка, собра на едно место спортски екипи од повеќе држави во чест и спомен на музичката легенда. (more…)

Продолжи со читање

Популарно