Connect with us

Колумни

Поврзаност на трговијата со луѓе и перењето пари

Објавено

на

Трговијата со луѓе се проценува дека е едно од најпрофитабилните и најбрзорастечки злосторства во светот, при што Меѓународната организација на трудот проценува дека присилната работа генерира над 150 милијарди долари годишно.

Поради овие значителни приходи, трговијата со луѓе е често предикативно кривично дело перење пари. Финансиските текови од овој вид на криминал можат значително да се разликуваат од еден во друг случај, претставувајќи големи предизвици за спроведувањето на законот.

Во минатото многу аспекти од овој тип на криминал поминуваа “невидено”, меѓутоа сега може да се забележи поголемо разбирање за обемот и тежината на трговијата со луѓе, особено во однос на домашната трговија со луѓе и трговијата со луѓе за трудова експлоатација.
Зголеменото раселување и ранливоста на луѓето во и околу конфликтните зони ги зголемуваат случаите на трговија со луѓе, вклучително и потенцијално вклучување на терористички организации. Колку повеќе дознаваме за начинот на кој што работат трговците со луѓе и експлоатација на ранливите луѓе, ни станува се појасно дека овој феномен влијае на скоро секоја земја во светот.

Што претставува трговија со луѓе?

„Регрутирање, транспорт, пренесување, засолниште или прием на лица, со закана или употреба на сила или други форми на принуда, киднапирање, измама, давање или примање на плаќања или придобивки за да се постигне согласност од лице кое има контрола над друго лице, заради експлоатација. Експлоатацијата вклучува експлоатација за проституција или други форми на сексуална експлоатација, присилна работа или услуги, ропство или практики слични на ропството“.

Согласно извршените истражувања може да се заклучи дека најчеста форма на трговија со луѓе (79%) е сексуална експлоатација. Жртвите на сексуална експлоатација се претежно жени и девојчиња. Изненадувачки, во 30% од државите што дале информации за полот на трговците со луѓе, жените сочинуваат најголем дел од трговците со луѓе. Втората најчеста форма на трговија со луѓе е присилна работа (18%), иако ова може да претставува погрешно претставување затоа што принудната работа е поретко откриена и пријавена отколку трговија со сексуална експлоатација. Во светски рамки, скоро 20% од сите жртви на трговија со луѓе се деца. Сепак, во некои делови на Африка и регионот Меконг, децата се мнозинство (до 100% во делови од Западна Африка).

Улогата на финансиските институции во приватниот сектор

Некои финансиски модели може да укажуваат дека имателот на сметката е жртва на трговија со луѓе и затоа финансиските институции од приватниот сектор можат да играат клучна улога во откривање на лица осомничени за активност на трговија со луѓе.

На пример, финансиските институции можат да ги идентификуваат веројатните жртви на трговија со луѓе заради сексуална експлоатација преку постојани и прекумерни трошоци за сместување и превоз, како што се билети за авиокомпанија, билети за воз и хотелски соби.

Трговиците се повеќе користат таканаречени “инка сметки” (funnel accounts) каде што ракуваат со бројни депозити од повеќе локации, најчесто во износи под прагот на известување.

Исто така може да се идентификуваат голем број други показатели кои можат да ги предупредат финансиските институции за потенцијални жртви на трговија со луѓе, вклучувајќи:

• Заеднички број на мобилни телефони, адреси и препораки за вработување се користат за отворање на повеќе сметки во различни имиња
• Сметки финансирани преку парични депозити, трансфери на сметки или технологија за трансфер на е-пошта.
• Модел на депозити проследен веднаш со значителен дел од овие средства кои се повлечени или префрлени на друга сметка.
• Плаќањето на повеќе лица што се депонираат на една сметка.
• Редовни парични депозити спроведени во различни градови низ округот.
• Клиенти кои се придружени со придружба, управувач или преведувач при правење депозити/повлекувања.
• Клиенти кои покажуваат слаб стандард на облекување и лична хигиена.

Криминалните организации како покритие користат бизниси како што се салони за нокти,
салони за масажа, стрип-клубови, туристички агенции, услуги што поставуваат дадилки и други
работници во домаќинствата и претпријатија кои вработуваат земјоделски работници.

Финансиските институции треба да бидат свесни за овие индикатори и да направат напори да ги вклучат во системите за набљудување и известување.

Идентификувањето и борбата против перењето пари од трговија со луѓе бара тековна соработка и координација помеѓу финансиските институции и државните органи. Соработката треба да вклучува:

  • Проценка на ризици од перење пари од трговија со луѓе, споделување со засегнати страни и осигурување дека тие се разбрани. Потребни се дополнителни аналитички истражувања во врска со предикатниот криминал и финансиските текови што се поврзани со него.
  • Употреба на експертиза, способности и информации преку партнерства помеѓу јавниот сектор, приватниот сектор, граѓанското општество и непрофитните организации.
    Зголемената соработка и размената на информации помеѓу овие засегнати страни може да ја подобри ефикасноста на напорите за борба против перењето пари поврзани со трговијата со луѓе.
  • Соодветно идентификување на сомнителни трансакции поврзани со трговија со луѓе и создавање корисни извештаи за сомнителни трансакции. Властите треба да ги едуцираат финансиските институции за известување за сомнителни трансакции од страна на сомнителни жртви, а финансиските институции треба, пак, да им укажат на властите дека ваквите извештаи се однесуваат на можна трговија со луѓе кога се доставени.

Разлики меѓу трговија со луѓе и шверцување на мигранти

Трговијата со луѓе и шверцот се различни поими, но повеќето луѓе имаат тенденција да веруваат дека нема никаква разлика. Трговијата со луѓе може да биде или деловен сексуален акт што е предизвикан од сила, измама или принуда или во кој лицето предизвикано да изврши такво дело не достигнало 18 години. Трговијата со луѓе е дело врз основа на експлоатација врз некоја личност и не бара движење преку граници или кој било вид превоз.

Човечки шверц од друга страна, е увоз на луѓе што вклучува намерно затајување на имиграциските закони. Овој прекршок вклучува нелегално внесување и незаконски превоз на луѓе. Шверцот бара движење во и околу границите.

Заклучок: Шверцот е базиран на транспорт и вклучува движење. Трговијата со луѓе е базирана на експлоатација.

Христијан Блажовски

Колумни

Како перењето на пари влијае врз економиите на земјите?

Објавено

на

Голем број на економски анализи укажуваат на заклучок дека силните институции за финансирање во земјите во развој – како што се банките и небанкарските финансиски институции – се едни од клучните елементи за економскиот раст. Таквите институции овозможуваат концентрација на капиталните ресурси од домашните заштеди – па дури и средства од странство – и ефикасно распределување на таквите ресурси за инвестициски проекти што создаваат одржлив економски развој. (more…)

Продолжи со читање

Колумни

Што е перење пари врз основа на трговија и како финансиските институции се справуваат?

Објавено

на

Една позната изрека гласи: Кога една врата ќе се затвори друга ќе се отвори. За жал ова важи и за криминалците кои сакаат да ги “исперат” своите пари. (more…)

Продолжи со читање

Колумни

е-KYC отвора ново поглавје во банкарството

Објавено

на

Користењето на мобилното банкарство донесе огромна новина во банкарството и истото со текот на годините се повеќе се зголемува кај секоја возрасна група, но дигиталната автентикација, позната и како електронски запознај го својот клиент (е-KYC), се очекува да отвори сосема ново поглавје. (more…)

Продолжи со читање

Популарно