Connect with us

Криптовалути

Повозрасните генерации се почесто инвестираат во биткоини за време на пандемијата!?

Објавено

на

Припадниците на постарите возрасни групи, т.н. бејби бумери и генерација икс ги удвојуваат своите инвестиции во криптовалутата биткоин секој месец од февруари, покажуваат податоците собрани од аналитичарите на лондонската платформа Мод Банкинг (Mode Banking).

Податоците укажуваат на пошироко прифаќање на оваа криптовалута, која досега главно го привлекуваше вниманието на младите луѓе, пренесува „Cointelegraph“.

Бејби бумери се оние кои се родени од крајот на Втората светска војна до средината на 1960-тите, а генерација икс од средината на 1960-тите до 1979 година.

Растот на инвестициите во биткоини, „Mode Banking” го забележа во март, кога се случи колапс на светските пазари, а многу земји воведоа рестриктивни мерки поради епидемијата на коронавирус.

Како што се развиваше пандемијата, бејби бумерите и оние од генерација икс продолжија да ги зголемуваат инвестициите на платформата „Mode Banking”. Припадниците на тие две генерации инвестирале во биткоини 2,24 пати повеќе во март отколку во февруари, 4,49 пати повеќе во април и неверојатни 8,88 пати повеќе во мај.

Со истражувањето се споредува просечниот месечен раст на инвестициите во биткоин меѓу различни генерации, пред и за време на пандемијата на коронавирус.

Милениумците, родени меѓу 1980 и средината на 1990-тите, и припадниците на Генерација зед родени меѓу средината на 1990-тите и почетокот на 2010 доминираа на скалата на инвестиции, кои месечно се зголемуваа за 118 проценти пред епидемијата и 125 проценти за време на неа.

Во јануари и февруари, пред епидемијата, вложувањата на повозрасната генерација во биткоин се зголемуваше речиси двојно побавно од инвестициите на помладата генерација, 61 процент во однос на 118 проценти.

Сепак, за време на пандемијата, бејбибумерите и генерација икс ги забрзаа инвестициите значително повеќе од милениумците и генерацијата зед 107 наспроти 125 проценти.

Криптовалути

Започнува со работа првата крипто-берза во Босна и Херцеговина

Објавено

на

Првата крипто-берза во БиХ ќе започне со работа на 14 септември. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Пазарот на криптовалути под притисок

Објавено

на

Пазарот на криптовалути деновиве беше под огромен притисок. Криптовалутата етериум падна за 35 проценти за неколку дена, а биткоинот се намали под 10.000 долари откако надмина 12.000 долари пред неколку дена, граница што упорно беше голема пречка за биткоинот оваа година. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Оптимизам на аналитичарите или реалност – биткоинот ќе достигне вредност од 500.000 долари!?

Објавено

на

Гувернерот на американската централна банка, Џером Пауел, изјави дека ФЕД ќе дозволи инфлацијата да се искачи на над два проценти. Централната банка на САД ќе го стори тоа за да може економијата да создаде што е можно повеќе работни места. (more…)

Продолжи со читање

Популарно