Депозити
Повисоки каматни стапки од Комерцијална банка за остварување поголеми заштеди

Комерцијална банка, како столб на довербата на штедачите во земјава, од 15.03.2023 година ќе ги зголеми каматните стапки и ќе им овозможи на своите клиенти заштеди со уште поголеми приноси.
Банката ќе ги зголеми каматните стапки на денарските и на девизните депозити за физички лица за рок на орочување од 6 до 36 месеци, како и стимулативниот додаток кај денарските депозити за клиентите кои имаат склучено договор за стимулативна каматна стапка за влог од 1 милион до 20 милиони денари.
- До 0,75 процентни поени се зголемуваат каматните стапки кај договорите со фиксна каматна стапка за денарски и девизни депозити во валута евра, за рочност од 6 до 36 месеци, а склучени по 01.10.2017 година, при што новите каматни стапки кај веќе постоечките договори ќе се применуваат по истекот на рокот за орочување. Новите фиксни каматни стапки за денарските депозити се движат од 0,10% до 2,30%, а кај девизните во валута евра од 0,40% до 1,30%.
- До 0,30 процентни поени се зголемуваат каматните стапки за денарски и девизни депозити во валута евра, за рочност од 12 до 36 месеци, кај договори склучени пред 01.10.2017 година, со прилагодлива каматна стапка. Повисоките каматни стапки за денарските депозити се движат од 0,40% до 1,50%, а за девизните депозити во евра од 0,25% до 0,70%.
- Со зголемување на стимулативниот додаток за 0,10 процентни поени кај денарските депозити со договор со стимулативна каматна стапка, штедењето на износ помеѓу 1 милион и 20 милиони денари во Комерцијална банка станува уште поатрактивно. Највисоката стимулативна фиксна каматна стапка за денарски депозити изнесува 3,9%, а за девизни депозити во валута евра изнесува 2,8%.
Штедењето во Комерцијална банка, покрај атрактивен принос, овозможува и онлајн орочување на веќе отворени штедни депозити за активни корисници на Интернет банка, штедење без книшка, односно со целосно дигитална евиденција преку Интернет банка и мБанка, како и поддршка и совети од вработените за најдобри одлуки на клиентите.
Новите каматни стапки се достапни на следните линкови: денарски и девизни.
За сите подетални информации на располагање стојат тимови во експозитурите на банката, а клиентите може да се обратат и на е-маил: stedenje@kb.mk.
Депозити
Штеди паметно и сигурно – 2,3% камата за орочени депозити во евра со ПроКредит Банка

Поттикнување на културата за штедење, инвестирање во финансиска едукација и одговорно банкарство, се главните постулати кон кои безусловно е посветено работењето на ПроКредит Банка. (more…)
Депозити
Комерцијална банка ќе изврши промена на тарифата на надоместоци за услугите што ги врши за валута швајцарски франци

Комерцијална банка АД Скопје ги известува своите клиенти дека почнувајќи од 01.05.2023 година, банката ќе изврши промена на тарифата на надоместоци за услугите што ги врши за валута швајцарски франци (CHF), и тоа: (more…)
- Анализипред 2 weeks
8 МАРТ АНАЛИЗА: Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?
- Анализипред 2 months
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Интервјуапред 2 months
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Интервјуапред 2 months
Очекувања 2023 година | Д-Р БИЛАЛ СУЏУБАШИ, ХАЛКБАНК АД СКОПЈЕ
- Банкипред 1 week
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка