Connect with us

Депозити

Повисоки каматни стапки за штедење во Комерцијална банка

Објавено

на

Комерцијална банка од 01.12.2022 година ќе ги зголеми каматните стапки на депозитите на физички лица, со што штедните производи на Банката стануваат уште поатрактивни. Со ова Банката, која е столбот на довербата на штедачите во земјава, овозможува граѓаните да ги орочат своите заштеди согласно своите желби и можности и да остварат поголеми приноси.

Каматните стапки се зголемуваат за орочени депозити во денари и во евра со фиксна каматна стапка, како и за депозити орочени пред 01.10.2017 година, со што повисоки каматни стапки добиваат и најатрактивните штедни производи на Комерцијална банка – Стимулативното и Семејното штедење.

Денарските депозити за орочување на 12, 24 и 36 месеци добиваат повисоки камати и до 0,55 процентни поени. Каматните стапки на девизните депозити во евра, пак, се зголемуваат до 0,45 процентни поени зависно од рокот и износот на орочување. Кај постоечките договори за орочување со фиксна каматна стапка, новите каматни стапки ќе се пресметуваат по реорочувањето на средствата.

Клиентите кои имаат склучено договор за орочување пред 01.10.2017 година, исто така, имаат можност да склучат нов договор со повисока фиксна каматна стапка без загуба на камата до денот на склучување на истиот или по автоматизам, врз основа на стариот договор, ќе добијат зголемување до 0,40 процентни поени за денарски депозити и до 0,10 процентни поени за депозити во евра, зависно од рокот на орочување.

Банката ги поканува своите клиенти – штедачи да извршат реорочување на своите депозити во друг производ, на ист или подолг рок, без загуба на камата и со нови повисоки каматни стапки.

Комерцијална банка им овозможува на граѓаните и Стимулативно штедење за поголеми влогови со атрактивни фиксни каматни стапки за целиот период на орочување, кои достигнуваат до 3,15% за денарски и до 2,25% за девизни депозити во евра. Семејното штедење, пак, е можност членови на потесно семејство да користат привилегии на повисока каматна стапка од редовната откако нивните поединечни депозити ќе добијат третман на „семеен депозит“.

Штедењето во Комерцијална банка значи:

  • Атрактивен и фиксен принос на заштедите за целиот период на орочување
  • Можност за онлајн орочување на веќе отворени штедни депозити за активни корисници на Интернет банка
  • Можност за штедење без книшка, односно со целосно дигитална евиденција преку Интернет банка и мБанка
  • Докажана сигурност и доверба, што ја прави Банката избор број 1 кај штедачите
  • Поддршка и совети од вработените за најдобри одлуки на клиентите

Новите каматни стапки се достапни на следните линкови: денарски и девизни

За сите подетални информации на располагање ви стојат и нашите тимови во вашата најблиска експозитура или на маил: stedenje@kb.mk.

Депозити

Како да штедите во време на предизвици

Објавено

на

Организацијата на личните финансии е своевидна умешност која може да ја совладате со промени во навиките и пристапот кон вашите средства, што на долг рок ќе ви донесе поголема сигурност и стабилност. Ова е особено важно во време на променлива економија на каква што сме сведоци денес, која може да предизвикува чувство на недостаток на финансии, но истовремено може да биде и поттик да изградиме поздрав однос со нашите пари. (more…)

Продолжи со читање

Депозити

Халкбанк АД Скопје ги зголеми каматните стапки за физички лица на сите депозитни производи

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје ги известува своите почитувани корисници дека изврши зголемување на редовните каматни стапки за физички лица на сите депозитни производи. (more…)

Продолжи со читање

Депозити

Замисли желба, штеди и исполни ја со Новогодишниот Промо депозит на Халкбанк

Објавено

на

Секој од нас има соништа и желби. Можеби посакувате поголем дом, одмор во некоја егзотична земја или луксузен автомобил. Можеби сакате да можете да го живеете пензионерскиот живот што е можно поудобно. Или да ја реновирате куќата, да започнете сопствен бизнис или да ги купите најновите гаџети. (more…)

Продолжи со читање

Популарно