Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Останато

Повик за учество на глобалниот хакатон IEEExtreme 12.0

Објавено

на

Подгответе се за IEEExtreme! Македонската секција на IEEE членови ги повикува сите студенти кои имаат интерес во натпревари во програмирање да ги покажат своите вештини на 12-тото издание на глобалниот 24-часовен хакатон IEEExtreme 12.0.

На натпреварот може да се програмира на повеќе од 30 јазици и има систем за вежбање, каде натпреварувачите можат да се подготват и да видат какви задачи би ги очекувале. Во еден тим може да учествуваат најмалку двајца, a најмногу тројца студенти и тоа да се сите на додипломски студии или еден од нив да е на пост-дипломски студии. Во изминативе години, македонските тимови успевале да влезат во топ 100 во светот и топ 10 во Европа.

Крајниот рок за пријавување е до 7ми октомври, a пријавувањето се врши на следниот ЛИНК, но пред се треба да сте IEEE член за да учествувате на натпреварот. Оваа година настанот е закажан за 20ти октомври и почнува во 02:00 часот по полноќ.

Во Македонија, натпреварот се одржува по 8-ми пат, а домаќин по 4-ти пат е компанијата Нетцетера, која ќе ги отстапи и своите простории за македонските натпреварувачи.

Повеќе информации и детали околу процесот на пријавување можете да добиете на официјалниот настан на Фејсбук и директно на marko.paloski.mk@ieee.org.

 

Останато

7% од кредитоспособните лица, лани зеле брз кредит

Објавено

на

Граѓаните се заинтересирани за услугите на финансиските друштва, познати како брзи кредити. Земаат просечно меѓу 200 и 400 евра кредит, а во минатата година седум отсто од кредитоспособното население во земјава било опслужено од овие финансиски друштва. Од година во година секторот расте, а за поголема сигурност за потрошувачите дел од овие друштва што работат во земјава формираа Асоцијација на финансиски друштва. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Сузбивање на сивата економија е можно со здружена стратешка акција

Објавено

на

Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива одржа форум на тема: „Механизми за елиминација на сивата економија, имплементација и очекувани резултати“, во организација на Сојуз на стопански комори на Македонија. На високо ниво, претставниците на Владата, домашни и странски експерти, професори и истакнати стопанственици дискутираа за најголемите предизвици на компаниите во борбата со сивата економија, конкретни решенија за нејзино сузбивање како и очекуваните ефекти за стопанството и економијата од воведување  на нерегистираните субјекти во системот. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Фондовите од вториот пензиски столб управуваат со милијарда евра на 490.000 идни пензионери

Објавено

на

На крајот на минатата година во двата отворени задолжителни фонда од вториот пензиски столб – КБ Прв пензиски фонд и Сава пензиски фонд членуваа вкупно 490.035 идни пензионери на кои од личниот доход им се издвојуваат средства во задолжителните пензиски фондови. На крајот на 2018 година тие управуваат со безмалку 1 милијарда евра средства на своите членови колку што се собрани во 13те години, односно од почетокот на пензиската реформа во 2006 година. Иако на самиот почетокот на реформата, стартната позиција на двете друштва беше иста, сепак КБ Прв пензиски фонд сега има повеќе членови, поголемо пазарно учество и управува со повеќе средства во споредба со другиот фонд, односно управува со портфолио кое е поголемо за околу 62 милиони евра. (more…)

Продолжи со читање
Unibanka_banner_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange