Connect with us

Домашни банки

Повик за учество на вонредна седница на Собранието на акционери на Универзална Инвестициона Банка АД Скопје

Објавено

на

Врз основа на член 42 и член 44 од Статутот на Универзална Инвестициона Банка АД Скопје, Надзорниот одбор на Универзална Инвестициона Банка АД Скопје, до акционерите на Банката, објавува:

ПОВИК

за учество на вонредна седница на Собранието на акционери на
Универзална Инвестициона Банка АД Скопје

Вонредната седница на Собранието на акционери на Универзална Инвестициона Банка АД Скопје, ќе се одржи на ден 17.10.2022 година (понеделник), со почеток во 11:00 часот, во просториите на Банката на ул. Максим Горки бр.6, Скопје, со следниот:

Д Н Е В Е Н Р Е Д

I. ПРОЦЕДУРАЛЕН ДЕЛ

1.Отварање на Собранието

2.Избор на работни тела на Собранието

– избор на Претседавач на Собранието;

– избор на бројач на гласови и

– избор на записничар.

II. РАБОТЕН ДЕЛ

1. Предлог Одлука за изменување на Статутот на Универзална Инвестициона Банка АД Скопје;

2. Предлог Одлука за употреба на акумулирана добивка на Универзална Инвестициона Банка АД Скопје за 2021 година;

3. Предлог Одлука за утврдување на висина на дивиденда и утврдување на дивиденден календар на Универзална Инвестициона Банка АД Скопје и

4. Предлог Одлука за именување член на Надзорен одбор на Универзална Инвестициона Банка АД Скопје.

Правото на учество во работата на Собранието и правото на глас е условено со пријавување на акционерите, односно нивните застапници, најдоцна пред почетокот на седницата на закажаното Собрание.

Пријавувањето на акционери – правни лица се врши со доставување на пријава, потпишана и заверена од надлежен орган на правното лице.

Пријавувањето на акционер – физичко лице се врши писмено, со доставување на пријава лично потпишана од физичкото лице.

Собранието ќе одлучува само за прашањата кои се уредно ставени на дневниот ред, согласно Статутот на Банката и Законот за трговските друштва.

Согласно Законот за трговските друштва, акционерите кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5% од вкупниот број на акции со право на глас имаат право да достават предлог за дополнување на дневниот ред со образложение за предложените точки или предлог одлуки по точките од дневниот ред, во рок од 8 дена од денот на оваа објава.

Акционерите можат да достават предлози за вклучување нови точки во дневниот ред, предлози на одлуки и прашања најдоц на до 23.09.2022 година. Предлогот заедно со документите за идентификација мора да биде примен во просториите на Банката најдоцна до 23.09.2022 година, до 16:00 часот. Подетални информации за постапката на доставување предлози и прашања може да се најдат на официјалната интернет страница на Банката www.unibank.mk.

Секој акционер може да овласти свој полномошник со писмено полномошно, за што е должен да ја извести Б анката по писмен пат или електронски. Податоци за начинот на испраќање на известувањата за полномошната и обрасците за гласање преку полномошник се достапни на официјалната интернет страница на Банката.

Полномошната и пријавите да се достават најдоцна пред почетокот на седницата на закажаното Собрание.

Материјалите за седницата на Собранието ќе бидат достапни на акционерите од денот на објавување на јавниот повик, секој работен ден во просториите на Банката на ул.Максим Горки бр.6 во Скопје и на интернет страницата на банката www.unibank.mk.

Гласањето по точките од дневниот ред ќе се врши на начин согласно Статутот и Законот за трговските друштва.

Обрасците за гласање се достапни на официјалната интернет страница на Банката www.unibank.mk. Акционерите можат пополнетиот образец за гласање заедно со валиден документ за лична идентификација, да ги достават во седиштето на Банката на ул. Максим Горки бр.6 во Скопје, секој работен ден во период од 07.10.2022 година од 08:00 часот до 14.10.2022 година до 14:00 часот.

Образец за гласање

Образец за гласање преку полномошник

Во интерес на заштита на личното и колективното здравје, се повикуваат акционерите своето право на гласање на Собрание на акционери на Банката, да го остварат преку гласање со писмена кореспонденција заради обезбедување успешно одржување на закажаното Собрание на акционери.

Домашни банки

Комерцијална банка меѓу најдобрите иноватори во светот – Прогласена од Global Finance за Врвен иноватор во корисничко искуство за услугите преку OneID

Објавено

на

Комерцијална банка влезе во друштвото на врвните финансиски иноватори во светот со воведувањето на услугата електронска идентификација преку OneID. Меѓународниот магазин Global Finance ѝ ја додели на Комерцијална банка угледната награда „Врвен иноватор во корисничко искуство за 2023 година за услугите преку OneID“, со што ја рангираше Банката меѓу Топ финансиските иноватори во светот. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка нема да работат на 2 јуни 2023 година

Објавено

на

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје нема да работат на 2 јуни (петок) 2023 година заради празнување на Духовден. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Финансиска поддршка од Комерцијална банка за ново издание на турнирот во мал фудбал „Тоше Проески“

Објавено

на

Меѓународниот турнир во мал фудбал „Тоше Проески“ во Крушево и годинава, со финансиска поддршка од Комерцијална банка, собра на едно место спортски екипи од повеќе држави во чест и спомен на музичката легенда. (more…)

Продолжи со читање

Популарно