Connect with us

Останато

Повеќе од 45 милиони денари приливи од камати распределени на сметките на членовите во пензиските фондови Сава пензиски фонд и Сава пензија плус

Објавено

на

Сава пензиско друштво а.д. Скопје веќе 15 години успешно ги инвестира пензиските заштеди на членовите во Сава пензиски фонд и Сава пензија плус во најразлични финансиски инструменти, со цел остварување соодветен долгорочен принос на средствата на фондовите.

Сите приливи кои пристигаат како резултат на инвестирањето на пензиските заштеди им припаѓаат на членовите и на пензионираните членови на фондот и пропорционално се распределуваат на нивните сметки.

Според последните податоци во периодот од 11.07.2020 до 20.07.2020 година на сметката на Сава пензиски фонд пристигнати се приливи од камати во износ 2.883.373,00 денари, по основ на орочени депозити во домашни банки и приливи од камати од инвестиции во домашни државни обврзници во износ од 44.254.630,00 денари.

Во истиот овој период на сметката на Сава пензиски фонд пристигнат е и прилив од дивиденда во износ од 443,46 евра, од инвестираните средства во компанијата Sanofi.

На сметката на Сава пензија плус во периодот од 11.07.2020 до 20.07.2020 пристигнати се приливи од камати во износ од 84.431,00 денари, по основ на орочени депозити во домашни банки и приливи од камати од инвестиции во домашни државни обврзници во износ од 1.169.319,00 денари.

Во Сава пензија плус за истиот овој период е пристигнат и прилив од дивиденда во износ од 13,32 евра, од инвестираните средства во компанијата Sanofi.

Членовите на пензиските фондови Сава пензиски фонд и Сава пензија плус, дополнително за секој пристигнат прилив се известуваат и преку мобилната апликација Сава пензиско план. Покрај за пристигнатите приливи членовите преку мобилната апликација може да се информираат и за состојбата на нивната пензиска заштеда и за секој пристигнат придонес.

Повеќе информации за резултатите од инвестирањето на средствата на пензиските фондови, како и за тоа во кои финансиски инструменти и компании се инвестираат средствата можете да погледнете во редовните финансиски извештаи кои се објавуваат на веб страната на друштвото www.sava-penzisko.mk.

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk

Останато

Лансирање на е-продавница за време на пандемија – како IQOS го претвори предизвикот во можност

Објавено

на

„Нашиот иницијален план беше да се лансира IQOS на нашиот пазар во почетокот на април, но како ситуацијата со пандемијата стануваше сé посериозна, увидовме дека пандемијата наметна многу побрзо привикнување на корисниците на дигиталните канали, со што стана јасно дека мора да се искористи времето од одложениот старт за да се подготви е-продавница и така со лансирањето на IQOS се започна и со онлајн продажба“. Ова го истакна Јана Дурнева, менаџер за дигитална поддршка и грижа за корисници на производи со намален ризик при Филип Морис Интернешнал на овогодинешната конференција за е-трговија, насловена „E-трговија & COVID-19: Предизвиците и можностите!“. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Бесими: Со буџетот за 2021 година се обезбедува поголема поддршка за домашното стопанство

Објавено

на

За поддршка на инвестициите, конкурентноста, малите и средни претпријатија, домашниот туризам, како и целокупната област за економски развој во 2021 година се обезбедени за 4,5 проценти поени повеќе во однос на буџетот 2019 година, односно со буџетот за 2021 година 24% од расходите се наменети за економски развој, рече министерот за финансии Фатмир Бесими на комисиската расправа за буџетот во Собрание. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Ангеловска: Сега повеќе од било кога имаме шанса да го забрзаме патот кон смарт и дигитално опшество!

Објавено

на

На првиот ден од годишната конференција за е-трговија која годинава се одржува по трет пат се обрати поранешната министерска за финансии и актуелен претседател на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, Нина Ангеловска, која ги презентираше најновите истражувања за трендот на е-купувањето во државата.

„Сега повеќе од било кога имаме шанса да го забрзаме патот кон смарт и дигитално опшество кое значи праведно и правично општество, општество кое нуди еднакви шанси и можности за сите, кое овозможува побрз, позелен и одржлив економски развој. Северна Македонија има голем потенцијал за е-трговија, само треба што поскоро да го отклучиме и да ја ставиме дигитализацијата на нашата нација во петта брзина”. посочи Ангеловска во нејзиното поздравно обраќање.

КОВИД-19 влијаел на промената на потрошувачите навики на македонските е-купувачи и 36% од нив го зголемиле обемот на онлајн купување.

По однос на прогресот на е-трговијата остварен од 2017 до 2019 година, Ангеловска вели дека имаме предуслови за побрз развој на е-трговијата, а сепак се движиме со далеку послабо темпо од останатите земји. Во 2019 година, 36% од населението со интернет пристап направило онлајн нарачка, наспроти 20% во 2017 година. Просекот во европските земји изнесува 71%.

„Вредноста на онлајн трансакциите кои Македонците ги направиле кон домашни е-трговци во вториот квартал 2020 бележи раст од 177 проценти. Позитивно е што структурата се менува и повеќе купувања/плаќања се прават кон дома.“ – додава поранешната министерка.

Kaj 66% од анкетираните е-трговци продажбата на физички локации се намалиле, додека онлајн се зголемила, додека 29% забележалале раст и на онлајн и на офлајн продажбите. Најголем предизвик за е-трговците е ниското ниво на дигитални вештини на населението, а потоа наоѓањето на квалификуван кадар. COVID-19 влиаел на промена на навиките на е-купувачите, од анкетираните 2.800 испитаници, 37% значително повеќе купуваат онлајн, близу 20% за прв пат почнале да плаќаат сметки онлајн и да користат владини е-услуги. Пониската цена има најголемо влијание на одлуката за онлајн купување.

„Иако останува неизвесно колку ефектите од овој „принуден раст“ ќе бидат долготрајни, позитивно е што дури 76% рекле дека ќе продолжат да купуваат со ист обем и по COVID-19.” – објасни Ангеловска.

Во спроведените прашалници посветен е и дел на нарачките преку социјални медиуми, како еден од главните канали за сива економија во е-трговија.

Како што објаснува Ангеловска, речиси половина од анкетираните (47%) се изјасниле дека прават нарачки преку социјални медиуми при што 48% од нив никогаш не добиваат фискална сметка. Иако најголем дел од нив се запознаени со ризиците дека не се заштитени како потрошувачи, како и дека се учесници во сивата економија тие велат дека ги прифаќаат ризиците и го прават тоа затоа што им е позгодно и полесно.

Од 40% од e-трговците кои кажале дека примаат вакви нарачки, 37% од нив стравуваат дека ќе ја изгубат потенцијалната продажба ако не ги прифаќаат нарачките директно преку пораки.

Продолжи со читање

Популарно