Connect with us

Осигурување

Повеќе од 38 милиони денари приливи во пензиските фондови Сава пензиски фонд и Сава пензија плус

Објавено

на

Сава пензиско друштво а.д. Скопје инвестирајќи ги пензиските заштеди на членовите акумулирани во пензиските фондови Сава пензиски фонд и Сава пензија плус, остварува приливи по основ на камати и дивиденди во пензиските фондови. На овој начин расте вредноста на пензиските заштеди и се обезбедува соодветна пензија за членовите.

Во периодот од 29.09.2020 до 08.10.2020 година на сметките на пензиските фондови со кои управува Сава пензиско друштво а.д. Скопје пристигнати се приливи по основ на камати во вкупен износ од 38.154.929,00 денари и приливи по основ на дивиденди во вкупен износ од 72.615,98 американски долари.

На сметката на Сава пензиски фонд пристигнаa приливи од камати во износ 7.041.017,00 денари, по основ на орочени депозити во домашни банки и приливи од камати од инвестиции во домашни државни обврзници во износ од 30.353.662,00 денари.

Во истиот овој период на сметката на Сава пензиски фонд пристигнаа приливи од дивиденди во износ од:

– 16.643,19 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд iShares U.S. Energy ETF;
– 642,54 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд First Trust NASDAQ Cybersecurity ETF;
– 42.252,78 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд Vanguard S&P 500 ETF и
– 10.997,28 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд iShares IBoxx Investment Grade Corporate Bond ETF.

Во истиот овој период од 29.09.2020 до 08.10.2020 година на сметката на Сава пензија плус, пристигнаа приливи од камати во износ од 168.191,00 денари, по основ на орочени депозити во домашни банки и приливи од камати од инвестиции во домашни државни обврзници во износ од 592.059,00 денари.

На сметката на Сава пензија плус по основ на дивиденда пристигнаа следните приливи:

– 334,00 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд iShares U.S. Energy ETF;
– 38,69 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд First Trust NASDAQ Cybersecurity ETF;
– 1.459,11 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд Vanguard S&P 500 ETF и
– 248,39 САД долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд iShares IBoxx Investment Grade Corporate Bond ETF.

Сите овие приливи се резултат на инвестирањето на пензиските заштеди акумулирани во пензискиот фонд, им припаѓаат на членовите и на пензионираните членови на фондот и пропорционално се распределуваат на нивните сметки.

Повеќе информации за резултатите од инвестирањето на средствата на пензиските фондови има во финансиските извештаи кои редовно се објавуваат на веб страната на Друштвото.

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk.

Компании

Дата Mастерс и Триглав Живот во деловно партнерство во животното осигурување

Објавено

на

Македонската консултантска компанија Дата Мастерс која има свои канцеларии во Скопје и Лисабон и брои над 50+ консултанти кои работат на домашни и светски Data Science проекти во неколку различни домени како што се финансии, малопродажба, телекомуникации и човечки ресурси одлучи да ја збогати програмата на бенефити за вработените токму преку соработка со Триглав Осигурување Живот, што го потврдува сè поголемиот интерес за овој вид на осигурување кај компаниите. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Склучено партнерство за соработка помеѓу Триглав осигурување Живот и Силк Роуд Банка – полесен пристап на клиентите при склучување на животно осигурување

Објавено

на

Банкоосигурувањето како иновативно и стратешко партнерство помеѓу банките и осигурителните компании е се повеќе застапено во Македонија. Полисата за осигурување на живот многупати се докажала како финансиски инструмент со многу привилегии, па затоа Силк Роуд Банка АД Скопје во својата палета на производи вклучи и небанкарски производ – осигурување на живот за корисници на кредит со полиса од Триглав осигурување Живот АД Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

За девет месеци се зголеми обемот на работење, добивката е на минатогодишното ниво

Објавено

на

Групацијата Триглав постигна добри резултати во првите три квартали оваа година и покрај отежнатите услови за работа. Во споредба со истиот период минатата година, ги зголеми вкупните приходи за 10% на 1.241,1 милиони евра, оствари поволна вредност на комбинираниот коефициент од 89,5% и обезбеди 89,2 милиони евра профит пред оданочување, што е 3 проценти помалку од истиот период минатата година. Резултатите оваа година се под влијание на зголемениот обем на работа, успешното управување со инфлацискиот притисок и другите влијанија од животната средина, како и поинтензивните оштетни побарувања и негативните приноси на финансиските вложувања. Групацијата ја задржа својата финансиска моќ со капитална адекватност во својот целен опсег. Се проценува дека оваа година ќе го постигне планираниот годишен профит, но истовремено предупредува дека ризиците од постигнување на целната добивка се значително зголемени поради негативните влијанија од деловното опкружување. Во следната година, се очекуваат многу отежнати услови за работа, во кои што доследно ќе ги спроведува своите стратешки развојни активности, ќе го зголеми обемот на работа, ќе ја задржи финансиската моќ и ќе работи безбедно и профитабилно. (more…)

Продолжи со читање

Популарно