Connect with us

Странски банки

Нова банкарска иновација – Плаќање со препознавање на вена од прст

Објавено

на

Fingopay компанија, со седиште во Манчестер, започна тестирање на својот биометриски систем на плаќање преку препознавање на вената од прстите.

Врз основа на VenaID Hitachi (Hitachi VeinID) Fingopay (плаќање со прсти), решението користи инфрацрвени зраци за да го прочита типот на вени од прстот на клиентот.

Уникатните “венски” потписи може да се поврзат со платежни картички и да дозволат извршување на трансакциите преку верификација со прстите.

“Венскиот” потпис на ПОС терминалот се конвертира во шифрирана лозинка и се споредува со податоците кои се чуваат во базата на податоци на компанијата. Овој начин на плаќање ја елиминира потребата за кеш пари, платежни картички или мобилни уреди.

“Овој метод на биометриска идентификација е најбезбедна и речиси невозможно е да се украде, со оглед дека моделот на верификација преку вена на прстите не се менува со години”, стои во соопштението од Fingopay.

Fingopay веќе ја заврши пилот верзијата на британскиот фестивал број 6.

Овој начин на плаќање веќе е имплементиран на неколку локации низ Манчестер како барот Камден, Универзитетот Брунел, како и на бизнис школата во Копенхаген. Fingopay, од јануари годинава, исто така е присутен на “Етихад” стадионот на фудбалскиот тим Манчестер Сити.

Во моментов компанијата води преговори со неколку други компании од различни области на Манчестер, за дополнително имплементирање на оваа услуга.

“Манчестер има динамичен угостителски сектор со многу иновативни оператори, голем број студенти и позитивна средина за ФинТек работење. Овој град ќе биде најиновативен во светот. Имавме огромна поддршка од Greater Manchester Combined Authority да инвестираме и да создадеме нови работни места во градот”, изјави Сајмон Бинс, Главен маркетинг директор на Fingopay.

Компанијата, во соработка со CityCo и MIDAS, ги избира новите локации за работење.

Странски банки

JP Morgan Chase е доминантна банка на пазарот на благородни метали

Објавено

на

Во текот на 2020 година, „JP Morgan Chase” имаше рекордни приходи од трговијата со скапоцени метали, околу една милијарда долари и далеку ги надмина своите ривали. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

#EdgarsChristmas (Божиќот на Едгар): Посебна божиќна реклама за оваа невообичаена година

Објавено

на

Веќе трета година по ред, Групацијата Ерсте подготви анимирана реклама посебно наменета за божиќните празници, што несомнено ќе Ви го привлече вниманието со својата креативност. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Светска банка обезбеди 12 милијарди долари за борба против Ковид-19

Објавено

на

Светската банка издвои 12 милијарди долари за набавка и дистрибуција на вакцина против коронавирусот, како и за тестови и лекови за борба против ковид-19, рече претседателот на Светска банка Дејвид Малпас на состанокот на министрите за финансии на Г20 и централните банки во петокот. (more…)

Продолжи со читање

Популарно