Connect with us

Платежни картички

Платежни картички „Купувам домашно“ како помош за граѓаните и во четвртиот пакет економски мерки

Објавено

на

Домашната платежна картичка “Купувам домашно” беше воведена како дел од третиот сет на економски мерки на Владата за поддршка на економијата во услови на пандемија на Ковид-19.

Домашната платежна картичка “Купувам домашно” се покажа како мошне успешна мерка за граѓаните, кои преку картичките добија на располагање 28 милиони евра. Со домашната платежна картичка целта беше да се стимулира потрошувачката, а парите коишто граѓаните ги добија преку платежните картички беа вбризгани во економијата.

Токму поради тоа, домашната платежна картичка ќе биде дел и од мерките за помош на граѓаните и стопанството и во четвриот сет на економски мерки коишто го претстави Владата на вчерашната прес конференција.

Продолжува мерката со платежни картички за граѓаните за поголема потрошувачка и за развој на домашните економски дејности.

Овој пат платежни картички со износ од 6.000 денари ќе ги добијат 5.726 самохрани родители, пензионерите со пензии до 15.000 денари, односно 182.271 граѓани пензионери, невработените кои се пасивни баратели на работа, односно 85.108 граѓани, самостојните уметници, филмски работници, културни работници и естрадни уметници чија бројка е 520 корисници.

Платежни картички „Купувам домашно“ ќе добијат уште 540 студенти, кои во претходниот пакет не ги добија овие картички, а за што навремено и со право реагираа претставниците на студентите.

Плус поддршка за ученички и студентски стандард од 44 милиони денари за 2020 година добиваат 884 студенти и 347 ученици.

Со оваа мерка ќе се помагне и оние граѓани кои се над 64 години, а немаат пензија, ниту државна социјална пензија и се со приходи пониски од 15.000 денари, или воопшто немаат приходи.

Со тоа, оваа мерка опфаќа на 283.000 граѓани, а нејзината вредност изнесува 27,6 милиони евра.

Платежни картички

Mastercard кредитни картички од Комерцијална банка без надомест за аплицирање

Објавено

на

Дозволете си повеќе со кредитните картички од Комерцијална банка, кои до 15.06.2023 година може да ги добиете и без надомест за аплицирање и обработка на барање. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

„ШТЕДИ И КОГА ПЛАЌАШ“ – нова услуга од Шпаркасе Банка за сите корисници на дебитни картички

Објавено

на

Со цел промовирање на штедењето како корисна навика важна за финансиското здравје, како и одговарање на предизвикот наречен штедење, каде што секој клиент може да штеди и тоа незабележливо, Шпаркасе Банка воведе нова услуга за корисниците на дебитни картички издадени од Банката – Штеди и кога плаќаш. (more…)

Продолжи со читање

Платежни картички

VISA TRAVEL – нова кредитна платежна картичка на Халкбанк АД Скопје

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје ги информира своите почитувани клиенти дека од 24.04.2023 година својата палета на платежни картички ја дополнува со нова кредитна платежна картичка Visa Travel. (more…)

Продолжи со читање

Популарно