Connect with us

Останато

Планот “Јункер” достигна 209 милиони евра искористени средства за инвестиции

Објавено

на

Планот „Јункер“ го достигна прагот од две третини од планираниот буџет за инвестиции, односно веќе се ангажирани проекти за 209 милијарди евра, соопшти во рамките на пладневниот брифинг во Европската комисија, портпаролот Маргаритис Схинас.

Потсетуваме дека Инвестицискиот план за Европа, ака планот „Јункер“, беше претставен на крајот на 2014-та година. Со него се очекуваат инвестиции од 315 милијарди евра во економијата на 28-те држави од ЕУ во следните три години. Се потпира главно на јавен ресурс, но исто така и на привлечен приватен капитал.

Целта е да се мобилизираат дополнителни јавни и приватни инвестиции во Европа, за проекти со големо социјално и економско значење, како и да се придонесе за развој на малите и средните претпријатија. Очекувањата се дека планот да мобилизира приватни и јавни инвестиции во износ од 500 милијарди евра за периодот до 2020-та година.

Европскиот фонд за стратешки инвестиции (EФСИ) е во основата на планот „Јункер“ и почна да дејствува со основно финансирање од 16 милијарди евра од европскиот буџет и 5 милијарди евра од ЕИБ. Дел од парите доаѓаат од инструментот „Поврзана Европа“, кој е за инфраструктурни проекти во целата ЕУ.

Во средината на декември 2014-та година, ЕК објави комплетната листа со предлози на 28-те држави членки, како тогаш вкупниот број беше над 2000, а вкупната вредност е околу 1,3 илјади милијарди евра.

Пред неколку дена стана јасно дека EФСИ ги проширува дозволените за финансирање сфери и сега можат да бидат опфатени и проекти, развој одржливо земјоделство, рибарство, аквакултура, други сектори на биоикономиката, како и социјални услуги.

 

Извор: Денар

Криптовалути

ММФ бара укинување на биткоинот како законско средство за плаќање во Ел Салвадор

Објавено

на

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) го повика ЕЛ Салвадор да ја поништи одлуката биткоинот да стане легално сретство за плаќање. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Во среда (26 јануари) започнува исплатата на јануарските пензии

Објавено

на

Владата на четвртата седница ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за јануари 2022 година и го задолжи Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 25 јануари 2022 година. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Централната банка на Русија со предлог целосно да се забрани издавање и употреба на криптовалути

Објавено

на

Централната банка на Русија предложи целосна забрана за издавање, „рударење“ и тргување со криптовалути во Русија, пренесува руски „Комерсант“. (more…)

Продолжи со читање

Популарно