Connect with us

Останато

ПИОМ исплаќал пензии на починати лица и изгубил документи за стаж на илјадници граѓани

Објавено

на

Фондот за пензиско исплатил речиси 4 милиони евра на починати лица, изгубил докумнети за стаж на илјадници граѓани поради што е доведено под знак прашалник нивното право на пензија. Ова го открива ревизијата на работата на ПИОМ која била правена лани, а се однесува на 2018 година, oбјави Телма.

Ревизорите поради „страшните“ наоди, дури се воздржуваат да дадат мислење за финансиските извештаи на Фондот. Тие откриле дека до денот на ревизијата имало 4.210 осигуреници кои имаат возраст за пензија, но им нема дел од стажот. Но велат трендот покажува дека бројките ќе растат. Директорот на ПИОМ, Шаип Зенељи, беше недостапен за одговор.

„За периодот од 1992 до 1996 година Фондот не располага со архивирани документи за доставените М пријави, со што е оневозможено потврдување на внесениот стаж и основицата за платен придонес. Од 2011година Фондот презел активности за дигитализација на ролни и складирање на документите во електронски медиуми преку електронски оператор. Од вкупно 2.549 микрофилмски ролни до сега се дигитализирани само 32 проценти и преостануваат уште 1.316 ролни со околу 7.100.000 документи“– утврдиле ревизорите.

Ревизорите констатираат дека осигурениците за кои нема податоци во матичната евиденција на Фондот, тешко можат да го докажат платениот стаж, бидејќи најчесто фирмите во кои работеле се ликвидирани и за нив не секогаш се наоѓаат документи дури и во Државниот архив.

Целиот текст можете да го погледнете на следниов линк.

Останато

Синдикатот на Халкбанк АД Скопје со општествено одговорна акција за донирање

Објавено

на

Во организација на Синдикатот на Халкбанк АД Скопје, вработените донираа облека, храна и постелнини за социјално ранливи семејства. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Економски факултет-Скопје свечено ги промовираше дипломираните студенти за академската 2022/2023 година

Објавено

на

Во Аулата на Економски факултет-Скопје се одржа свечената церемонија на која беа промовирани дипломираните студенти на прв циклус на студии за академската 2022/2023 година.

(more…)

Продолжи со читање

Останато

Реизбран Управниот одбор на КаСис АД

Објавено

на

Надзорниот Одбор на единствениот македонски процесор од областа на картичното работење, електронска трговија и сертифицирано биро за персонализација на картички КаСис АД повторно му ја даде довербата на актуелниот Управен одбор. г-ѓа Филомена Пљаковска – Аспровска, претседател и Главен извршен директор, г-ѓа Лидија Вучидолова – Богоевска, член и извршен директор и г-дин Дамјан Андоновски, член и извршен директор во наредните четири години ќе бидат на чело на компанијата која бележи континуиран раст во земјата и сигурно се пробива на пазарите во регионот.  (more…)

Продолжи со читање

Популарно