Connect with us

Останато

Пет причини зошто платите не се зголемуваат ниту во време на инфлација

Објавено

на

Цените растат од ден на ден, но висината на платите останува речиси иста. Зошто е тоа така?

Во најголемите светски економии инфлацијата буквално ги „јаде“ платите. Трошоците за живот стануваат се повисоки и повисоки. Инфлацијата во САД е 8,3%, додека во еврозоната е 8,1 проценти.

Платите во овие делови на светот годинава пораснале за само пет, односно три проценти. Во регионот е уште полошо, а во голема мера истото се однесува и на нашата држава.

Економистите велат дека постојат пет значајни причини зошто е тоа така.

Како прва, истакнаа дека синдикатите се слаби, со што ги ослабнале колективните преговарања со работодавачите. Во САД, 27 проценти од работниците биле дел од синдикатите во 1979 година, а сега само 11,6% се дел од синдикатите. Како резултат на тоа, платата беше помала.

Втората причина е она што се нарекува скриена невработеност. Официјалните бројки покажуваат дека има ниска стапка на невработеност во САД и Обединетото Кралство, што теоретски би ги принудило компаниите да ги зголемат платите. Сепак, експертите сметаат дека реалниот број на невработени е многу поголем.

Третата причина е што во услови на криза компаниите споро одлучуваат за зголемување на платите – кризата значи неизвесна иднина.

Четвртата причина е тоа што светот сè уште се опоравува од рецесијата која започна во 2008 година. Платите се зголемија до износот што беше пред почетокот на рецесијата.

Петтата причина зошто платите растат малку или воопшто не растат во време на инфлација е тоа што платите и инфлацијата не се поврзани како што многумина мислат дека се поврзани. Инфлацијата ги следи цените на стоките и услугите, додека висината на платите реагира на промените на пазарот на трудот.

Останато

Пензионерите добиваат повисоки пензии за 6,8 проценти

Објавено

на

Со септемвриската пензија околу 330 илјади пензионери во државата добиваат повисоки пензии за 6,8 проценти, согласно новата методологија воведена со последните измени во Законот за пензиското и инвалидското осигурување, кои стапија на сила во март 2022 година. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Годишната стапка на инфлација во Белгија 11,27 проценти, највисоко ниво во последните 50 години

Објавено

на

Годишната стапка на инфлација во Белгија се искачи на 11,27 проценти во септември, што е највисоко ниво во последните 50 години, покажуваат официјалните податоци. (more…)

Продолжи со читање

Останато

МФ: Владата обезбеди 250 милиони евра со поволни услови преку германски хартии од вредност

Објавено

на

Владата донесе одлука за издавање хартии од вредност на германскиот пазар, обврзница позната како „Namensschuldverschreibungen”, односно NSV, во износ од 250 милиони евра. Како што соопшти Министерството за финансии (МФ), средствата ќе се искористат за отплата на стари долгови кои доспеваат и за финансирање на буџетски потреби. (more…)

Продолжи со читање

Популарно