Connect with us

Домашни банки

Пет награди за НЛБ Банка Скопје во најновото рангирање на реномираниот магазин „Finance Central Europe“

Објавено

на

„Finance Central Europe“ ги објави резултатите од годишното рангирање на банките во Југоисточна Европа, а во тие рамки и на македонските банки. Во најновото рангирање на овој реномиран финансиски магазин НЛБ Банка е наградена со високи втори и трети места во пет категории и тоа: вкупна актива, големина на капитал, бруто- добивка, поврат на актива и поврат на капитал.

„Наградите и признанијата за нас се важен показател и стимул во секојдневното работење. Експертизата, посветеноста и трудот се мерилата за успехот на НЛБ Банка и воедно се гаранција за остварување на позитивни резултати и задоволни клиенти. Среќни сме што секоја година НЛБ Банка е дел од ова рангирање и е во друштво на најдобрите од банкарскиот сектор во Југоисточна Европа. Ние сме Банка која припаѓа токму овде, во овој регион и наш фокус е да го дадеме најдоброто за да ја одржиме и дополнително да ја унапредиме позицијата на пазарот, излегувајќи секогаш во пресрет на потребите и барањата на клиентите“, изјавија од Банката.

„Finance Central Europe“ e реномиран финансиски магазин кој веќе 23-та година по ред ги рангира банките во регионот на Југоисточна Европа според повеќе критериуми. Наградите од „Finance Central Europe” се доделуваат врз основа на прецизно финансиско рангирање што се темели на професионални пресметки направени од страна на надворешни агенции за оценување и независни консултанти.

НЛБ Банка Скопје e една од водечките банкарски институции во Република Северна Македонија. Таа е членка на НЛБ Групацијата и претставува една од нејзините најголеми и најуспешни банки, со постојан тренд на раст и континуирано позитивни резултати од нејзиното основање, па сѐ до денес.

Домашни банки

Уникатна кобрендирана картичка на пазарот – Шпаркасе Банка и АМСМ со многу бенефити за корисниците

Објавено

на

Шпаркасе Банка и АМСМ официјално потпишаа договор за меѓусебна соработка и во оптек ја лансираа новата кобрендирана Visa кеш бек кредитна картичка за физички лица. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка меѓу најдобрите иноватори во светот – Прогласена од Global Finance за Врвен иноватор во корисничко искуство за услугите преку OneID

Објавено

на

Комерцијална банка влезе во друштвото на врвните финансиски иноватори во светот со воведувањето на услугата електронска идентификација преку OneID. Меѓународниот магазин Global Finance ѝ ја додели на Комерцијална банка угледната награда „Врвен иноватор во корисничко искуство за 2023 година за услугите преку OneID“, со што ја рангираше Банката меѓу Топ финансиските иноватори во светот. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка нема да работат на 2 јуни 2023 година

Објавено

на

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје нема да работат на 2 јуни (петок) 2023 година заради празнување на Духовден. (more…)

Продолжи со читање

Популарно