Connect with us

Останато

Пет македонски иноватори со златни медали на меѓународни саеми

Објавено

на

Македонски иноватори за неколку месеци добија голем број награди на меѓународни саеми. Петте иновации што се претставени на саеми во Москва, Мостар, Белград, Бања Лука, во Чешка и Полска добија златни медали и плакети.

– За само три месеци излеговме на шест меѓународни саеми. Се претставивме во Москва, каде Македонија првпат учествува, потоа во Мостар, Белград, Бања Лука, во Чешка, Полска, од каде не се стигнати сите медали. Ги очекуваме и наградите од Бугарија и од Канада и од Севастопољ, каде сите пронајдоци што ги имавме добија награди, изјави денеска Мирко Узелац претседател на Националната асоцијација на пронаоѓачи на Македонија, претставувајќи ги наградите што ги освоија домашните иноватори.

Појасни дека се наградени пет патенти на пет наши иноватори.

Станува збор, како што рече, за лежечки полицаец, потоа  шаторска камп куќичка, што веќе се произведува и извезува, со природен систем за климатизација, еко централа што е вклучена во еден од проектите што ги прави еден од руските институции со средства од неколку милиони евра, и еден апарат за гласовни команди.

Појасни дека одлучуваат патентите да ги поделат во групи и да ги испраќаат на меѓународни саеми за да освојат награди на сите саеми.

Останато

Студентите и младите инженери ќе го подобруваат образованието

Објавено

на

Бордот на Европски студенти на технологија (БЕСТ) Скопје и Асоцијацијата на здруженија на инженери – Инженерска институција на Македонија потпишаа Меморандум за соработка. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Во Русија има се повеќе милијардери

Објавено

на

Во Русија во 2018 година бројот на милијардери е зголемен за пет од лани и сега има 74 според годишниот извештај на банката Кредит Суис. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Комисијата за хартии од вредност во работна посета на Комисијата за хартии од вредност на Словенија

Објавено

на

Претставници на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија заедно со Комисионерката Лиле Делиџакова на 11 октомври, 2018 година беа во работна посета на Агенцијата за пазар на хартии од вредност на  Република Словенија во Љубљана.

Директорот на Агенцијата за пазар на хартии од вредност Г-дин Милош Час  имаше воведно обраќање во кое ги отслика пазарните движења и состојби во Словенија и изрази подготвеност со сите ресурси да и помогне и да ја поддржи  Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија при нејзиниот информатичко-технолошки  развој и унапредување на капацитетите.

Потоа, беа реализирани неколку работни сесии со Стручните лица кои го изработиле нивниот Информатички систем за известување и обработка на податоци, преку кој овластените учесници на пазарот ги доставуваат своите финансиски и нефинансиски известувања, кои потоа на соодветен начин и во специфичен формат се обработуваат за потребите на регулаторот.

Овој  систем  содржи компонента за размена на информации и податоци поврзани со трговски трансакции кои се случуваат на пазарите на капитал на сите држави членки на ЕСМА.

Ваквата работна посета која  претставува уште еден  чекор за зајакнување на односите меѓу двете институции  беше договорена уште при првата средба на Претседателот на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија М-р Нора Алити  со нејзинот словенечки колега  Г-дин Милош Час која што  се реализираше  на 27 јуни, 2018 година во Љубљана.

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange