Connect with us

Анализи

Пет македонски банки во топ 100 банки во југоисточна Европа

Објавено

на

Пет банки од Македонија се најдоа на листата на топ 100 во југоисточна Европа, покажува анализата на „Seenews“.

Од вкупно 100, Комерцијална банка се најде на 42-то место, исто како и минатата година, со актива од нешто над две милијарди евра. Девет места подолу се најде Стопанска банка АД – Скопје со актива од 1,6 милијарди евра, додека НЛБ Банка се позиционираше на 59-то место со актива од 1,4 милијарди евра. Меѓу петте банки од Македонија, кои се најдоа на листата топ 100, се и: Халкбанк АД Скопје на 77-то место и Охридска банка АД Скопје на 91-та позиција.

На врвот на листата се најде романската „Banca Transilvania” со актива од 18,2 милијарди евра. Меѓу првите пет се најдоа и: „Zagrebacka Banka” од Хрватска (15,8 милијарди евра), „Banca Comerciala Romana” од Романија (14,9 милијарди евра), „Privredna Banka Zagreb” од Хрватска (11,7 милијарди евра) и „BDR – Groupe Societe Generale” од Романија (11,6 милијарди евра).

На дното на листата се најдоа: „Erste Bank” од Црна Гора (актива од 605 милиони евра), „American Bank of Investments” од Албанија (611 милиони евра), „NLB Banka AD” од Србија (616 милиони евра), „Tirana Banka” од Албанија (623 милиони евра) и „Mobiasbanca OTP Group” од Молдавија (633 милиони евра).

Во анализата се земени банки од: Романија, Хрватска, Бугарија, Словенија, Босна и Херцеговина, Србија, Албанија, Северна Македонија, Молдавија, Црна Гора и Косово.

Анализи

АНАЛИЗА: Плата v.s Трошоци – за основна живеачка потребни се 554,5 евра месечно!

Објавено

на

Расте просечната плата во државата, но растат и трошоците на живот. Според статистиката во мај годинава во споредба со истиот месец лани просечната нето плата се зголемила за 8,8%, пишува “Порталб”. Според податоците пак од Сојузот на синдикати на Македонија, вредноста на “минималната синдикална кошница” се зголемила за скоро 12 евра во јуни годинава во споредба со истиот месец лани. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Повеќе пари за здравството, капитални расходи, економијата и граѓаните со усвоениот ребаланс на Буџетот

Објавено

на

Повеќе приходи во буџетот, повеќе средства за капитални расходи, за мерки за поддршка на стопанството и граѓаните поради ковид-кризата, за здравството, земјоделството, за редовна исплата на плати и пензии и социјални права, се обезбедени со ребалансот на Буџетот за 2021 година што го усвои вчера Собранието. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Finance Think: Наместо надувување на капиталните расходи, потребно е да се стави фокус на ефикасноста на трошењето

Објавено

на

„Finance Think” во својот коментар за ребалансот на Буџетот за 2021 година порачува дека тој претставува „најгломазниот план од постоењето на државата кој треба да овозможи постпандемиски поттик на економијата“, но сепак, според нив, ребалансот укажува на недоволна волја за кратење на непродуктивните трошења и зголемување на капиталните расходи вон можноста на институциите да реализираат капитални проекти и со значајно помал обем, како што беше случајот во претпандемискиот период. (more…)

Продолжи со читање

Популарно