Анализи
Пет македонски банки во најдобрите 100 банки во југоисточна Европа

Пет банки од Македонија се најдоа на листата на топ 100 во југоисточна Европа, покажува анализата на „Seenews“.
Од вкупно 100 рангирани банки, Комерцијална банка се најде на 42-то место, исто како и минатата година, со актива од 2,4 милијарди евра. Стопанска банка АД – Скопје со актива од 1,85 милијарди евра се најде на 50-тото место, додека НЛБ Банка се позиционираше на 53-то место со актива од 1,74 милијарди евра.
Меѓу петте банки од Северна Македонија, кои се најдоа на листата топ 100, се и Шпаркасе Банка АД Скопје на 72-то место со актива од 1,18 милијарди евра и Халкбанк АД Скопје на 73-та позиција со актива од 1,18 милијарди евра.
На врвот на листата се најде романската „Banca Transilvania” со актива од 25,4 милијарди евра. Меѓу првите пет се најдоа и: „Banca Comerciala Romana” од Романија (18,1 милијарди евра), „Zagrebacka Banka” од Хрватска (17,6 милијарди евра), „Privredna Banka Zagreb” од Хрватска (13,9 милијарди евра) и „BDR – Groupe Societe Generale SA” од Романија (13,6 милијарди евра).
На дното на листата се најдоа: „Bosna Bank International d.d. Sarajevo” од Босна и Херцеговина (759 милиони евра), „NLB Banka AD” од Црна Гора (752 милиони евра), „TEB Sh.a.” од Косово (752 милиони евра), „NLB Banka d.d. Sarajevo” од Босна и Херцеговина (727 милиони евра) и „D Commerce Bank AD” од Бугарија (717 милиони евра)
Во анализата се земени банки од: Романија, Хрватска, Бугарија, Словенија, Босна и Херцеговина, Србија, Албанија, Северна Македонија, Молдавија, Црна Гора и Косово.
Анализи
АНАЛИЗА: Македонските банки со рекордни профити, но далеку зад банките во регионот

Рекордниот раст на профитите на банките во текот на оваа година предизвика многу коментари и бурни реакции. Со нетрпение се очекуваат годишните финансиски извештаи на банките за да се види до каде ќе стигнат добивките на банките за 2023 година, односно на кое ниво ќе бидат поставени рекордите.⇑ (more…)
Анализи
ММФ: Народната банка соодветно ја затегна монетарната политика и придонесе за значително забавување на инфлацијата

„Народната банка презеде соодветни мерки за затегнување на монетарната политика коишто осигурија преполовување на инфлацијата во однос на ланскиот максимум“, се наведува во завршните согледувања на Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), којашто од крајот на октомври, досега, престојуваше во нашата земја како дел од редовните консултации коишто произлегуваат од членството на земјава во ММФ, како и во рамките на дискусиите околу Првиот преглед на кредитната линија за претпазливост и ликвидност (ПЛЛ). „Ваквата поставеност придонесе и за одржување на стабилноста на девизниот пазар, којашто беше надополнета и со преземените макропрудентни мерки, преку кои се зајакнува отпорноста на банкарскиот сектор, којшто и натаму е стабилен и ликвиден“, се наведува од страна на Мисијата. (more…)
Анализи
Дали заврши времето на евтини потрошувачки кредити? Каматите се движат кон нивото од 2015 година!

Полека, но сигурно се губи атрактивноста на потрошувачките кредити на банките како „куповна моќ“ на граѓаните за задоволување на некакви желби и потреби од секојдневието. Дефинитивно веќе не е време на примамливи каматни стапки, кои ги правеа потрошувачките кредити „евтино“ решение за обезбедување финансиски средства за некое патување, опремување на домот, школување… Дали времето на „евтините“ потрошувачки кредити дефинитивно заврши или пак ова е само привремен тренд наметнат од инфлаторните притисоци на пазарите? (more…)
- Домашни банкипред 2 months
Халкбанк со тројца нови членови на Управниот одбор – Беркан Имери, Александар Иљов и Мухамед Хаџипази
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Осигурувањепред 2 months
АСО со обуки ќе ја гради и зајакнува финансиската едукација на средношколци – математичари
- Домашни банкипред 1 month
Компании во земјава реализираат 20 „зелени“ проекти од кредитната линија на ЕБОР преку Стопанска банка
- Домашни банкипред 4 weeks
Данијела Јовческа, Никола Горгиевски и Марија Танаскоска се најдобрите банкарски службеници од Шпаркасе Банка во 2023 година
- Банкипред 2 months
Шпаркасе Банка АД Скопје вработува Член на Управен Одбор
- Business Manпред 2 months
Проф. Д-р Драгољуб Арсовски се стекна со 3.003 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Шпаркасе Банка го активираше порталот за тестирање на платформата за отворено банкарство