Connect with us

Останато

Петтиот пакет мерки изнесува 50 милиони евра со таргет на малите фирми и ќе почне да се спроведува во февруари

Објавено

на

Министерот за економија Фатмир Бектеши обелодени дека петтиот економски пакет изнесува 50 милиони евра со таргет на малите фирми и очекува новиот пакет економски мерки да почне да се спроведува веќе од следниот месец.

Ова сугерира дека стопанствениците сепак може да очекуваат помош за плата и за јануари доколку законот за финансиска поддршка се изгласа до крајот на месецов, или на почетокот од февруари, со што фирмите би ги пополниле барањата до УЈП на почетокот од следниот месец. Стопанствениците, пак, стравуваат дали целиот процес ќе е направи навремено за да се фатат роковите за јануарската плата.

Според министерот Бектеши, Владата веќе ги дизајнира мерките и ќе бидат таргетирани секторски каде пандемијата имала најголемо влијание на намалување на приходите и на отпуштање на работници. Мерките, како и досега, ќе се дискутираат за да конечно се прецизираат во соработка со стопанските комори во рамки на јавно-приватниот дијалог.

„Сите мерки и предлози ќе бидат дискутирани со стопанските комори, ќе ги собереме сите предлози кои доаѓаат од различни институции, вклучително и на Министерството за економија и на почетокот на февруари, во согласност со нашите планови и динамика ќе излеземе со мерките и ќе почнеме да ги реализираме” – изјави министерот Бектеши во гостувањето на „ТВ 24″.

Според Бектеши, мерките што ги донесе Владата во првите четири сета дадоа резултат, а податоците покажуваат дека се намалува бројот на компании кои бараат финансиска поддршка од државата.

„Ако ја гледаме реализацијата на мерките од март, кога започна пандемијата, па до сега, ќе видиме дека во континуитет има намалување на бројот на компании кои аплицираат за мерката за финансиска поддршка за исплата на плата. Тоа значи дека се подобрува состојбата кај компаниите” – рече Бектеши.

Министерот потенцираше дека ова го потврдуваат и податоците за реализација на буџетот за 2020 година, кои покажуваат раст на приходите од даноци и придонеси.

„Сите мерки што ќе ги предложат стопанските комори, како и досега ќе бидат земени во предвид во Советот за јавен-приватен дијалог. Но, нема да застанеме тука. Со сите мерки што ќе ги преземеме во наредниот период ќе им излеземе на компаниите кои се најпогодени од кризата предизвикана од пандемијата” – изјави Бектеши.

Сојузот на стопанските комори пред министерот да го даде интервјуто, излезе со соопштение во кое инсистираше мерките да бидат донесени во јануари за да има континуитет во спроведувањето. Оттаму побараа во петтиот пакет да има мерки за одржување на ликвидноста, мерки за даночно олеснување и одложување на даночните обврски, како и субвенции за задржување на вработените.

Останато

Владата ја усвои Програмата за економски реформи 2021-2023

Објавено

на

Владата ја усвои тригодишната стратегија за структурни реформи – Програма на економски реформи (ПЕР) 2021-2023, соопшти Министерството за финансии. Програмата, чија подготовка ја координира Министерството за финансии, ја содржи среднорочната макроекономска и фискална рамка, како и структурните реформи што треба да се спроведат, а кои се утврдени преку заеднички дијалог со Европската комисија.

(more…)

Продолжи со читање

Останато

ММФ ја зголеми прогнозата за годинешниот глобален раст на 5,5 проценти

Објавено

на

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја зголеми прогнозата на глобалниот раст за 2021 година за 0,3 проценти, на 5,5%, изјави главната економистка на ММФ, Гита Гопинат при претставувањето на јануарскиот извештај „Светски економски изгледи 2021 година“. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Биткоинот стана долгорочна инвестиција!?

Објавено

на

Биткоинот достигна рекордни 42.000 долари на 8 јануари, но во последните денови направена е значителна корекција, бидејќи најпознатата криптовалута почна да ја губи својата вредност. (more…)

Продолжи со читање

Популарно