Домашни банки
Петок 13-ти во 13 часот: Кој е виновникот за пропаѓањето на Еуростандард Банка АД Скопје!?


За денеска во Собранието е закажана надзорна расправа на тема „Утврдување на причините и извршувањето на законите во постапката за доведување до стечај на Еуростандард банка АД Скопје“.
Надзорна расправа ќе започне во 13 часот со воведно обраќање на претседателот на Комисијата.
На расправата поканети се гувернерката на Народна банка Анита Ангеловска-Бежоска во својство на сведок, сопственикот на Еуростандард банка Трифун Костовски, директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми, јавниот обвинител Љубомир Јовески, министерот за финансии Фатмир Бесими, стечајниот управник на банката Душко Тодевски, повеќе истакнати банкари како Глигор Бишев, Абдулменаф Беџети, Никола Поповски и голем број на пратеници од повеќе политички партии.
Додека трае надзорната расправа, Здружението на оштетени штедачи на Еуростандард банка АД Скопје најави протест во 15 часот пред Собранието на С. Македонија каде во исто време ќе се одржува надзорната расправа на која ќе учествува г-ѓа Оливера Клинчарова, претставник на Здружението на оштетени физички и правни лица „Правда за штедачи’’- Скопје, којашто воедно е член на Иницијативниот Одбор.
Дали на оваа надзорна расправа конечно ќе се добие одговорот на толку поставуваното прашање: „Кој е виновникот за пропаѓањето на Еуростандард Банка АД Скопје!?”
Домашни банки
Јованка Јолеска Поповска реизбрана за Генерален директор на ПроКредит Банка АД Скопје
Домашни банки
Развојна банка: Инструкции за плаќање на обврски по основ на бескаматен кредит “Ковид 1”


Развојна банка на Северна Македонија преку соопштение ги извести корисниците на бескаматен кредит од Посебниот кредитен фонд (ПКФ), “Ковид 1” дека инструкциите за плаќање се достапни на веб страницата на банката. (more…)
Домашни банки
УНИБанка ќе изврши исплата на полугодишна камата од 9% на имателите на Перпетуални обврзници


Универзална Инвестициона Банка АД Скопје на 22.01.2021 година ќе изврши исплата на полугодишна камата по каматна стапка 9% на годишно ниво на имателите на перпетуални обврзници со ИСИН MKBLBA200011 и шифра UNIPO, објави банката преку соопштение до Македонската берза. (more…)
- Домашни банкипред 2 weeks
ГО “БУТНАА” ИНТЕРНЕТОТ: Вработените на УНИБанка танцуваат на „Jerusalema“ пред експозитура Плоштад
- Останатопред 2 months
Колку изнесува К15 за оваа 2020 година?
- Business Manпред 1 month
Божидар Јанковски стана сопственик на Динерс Клуб Интернационал МАК ДООЕЛ
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија
- Анализипред 1 month
Која македонска банка планира да го нападне тронот во банкарскиот сектор!?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Анализипред 2 months
Кои се најплатените професии во земјава?
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје