Домашни банки
Петнаесет средни училишта добија вело-паркинзи како донација од Стопанска банка АД – Скопје

Петнаесет средни училишта во Скопје изминатиот месец добија паркинзи за велосипеди како донација од Стопанска банка АД – Скопје. Проектот за опремување на средните училишта со паркинзи за велосипеди со поголем капацитет е продолжение на донациите кои Стопанска банка ги реализира во соработка со Град Скопје како резултат на организацијата на шестото издание на „Вози право, вози здраво“.
Модерни вело-паркинзи наменети за учениците и за вработените добија средните училишта „Кочо Рацин“, „Браќа Миладиновци“, „Шаип Јусуф“, „Зеф Љуш Марку“, „Орце Николов“, „Боро Петрушевски“, „8-ми Септември“, „Владо Тасевски“, „Панче Арсовски“, „Раде Јовчевски – Корчагин“, “Здравко Цветковски”, „Марија Кири – Склодовска“, „Никола Карев“, „Васил Антевски – Дрен“ и „Арсени Јовков“. Од Стопанска банка се надеваат дека вело-паркинзите ќе бидат дополнителен поттик за учениците и за вработените во училиштата да ги користат велосипедите не само како средство за спорт и рекреација, туку и како превозно средство, со што ќе стекнат здрави животни навики и ќе учествуваат во заштитата на животната средина.
Проектот „Вози право, вози здраво“, покрај препознатливиот настан кој привлекува неколку илјади учесници на улиците во Скопје, секогаш е придружен со донација на Стопанска банка во насока на промоција на урбаниот велосипедизам. Овие донации се наменети за широката популација и преку нив се промовира и поддржува алтернативниот начин на превоз како еколошко и здраво решение за сите генерации. Покрај новопоставените паркинзи за средните училишта, Стопанска банка досега ги изгради и опреми СТБ детскиот велодром во населбата Тафталиџе во Скопје, ТОПСИ вело-паркот во Градски парк, 100 паркинзи и 15 станици за поправка на велосипеди во Скопје и во неколку градови во земјата, со што вредноста на донациите надмина износ од 100.000 евра во форма на директна поддршка од Стопанска банка за заедницата. Дополнително, сите објекти на Банката се опремени со паркинзи за велосипеди, со што ги поттикнува и клиентите почесто да го избираат ова превозно средство.
„Денес, повеќе од било кога, сме соочени со потребата од изнаоѓање и користење на алтернативни начини на превоз со кои ќе придонесеме кон почиста животна средина, намалување на трошоците, но и развивање на здрави животни навики. Стопанска банка преку проектите што ги реализира продолжува да биде партнер на сите институции насочени кон подобрување на животна средина” – истакнуваат од Стопанска банка АД – Скопје.
За оваа година од Банката најавуваат уште помасовна манифестација „Вози право, вози здраво“ од која ќе произлезе нов општествено-одговорен проект наменет за заедницата.
Домашни банки
Комерцијална банка меѓу најдобрите иноватори во светот – Прогласена од Global Finance за Врвен иноватор во корисничко искуство за услугите преку OneID

Комерцијална банка влезе во друштвото на врвните финансиски иноватори во светот со воведувањето на услугата електронска идентификација преку OneID. Меѓународниот магазин Global Finance ѝ ја додели на Комерцијална банка угледната награда „Врвен иноватор во корисничко искуство за 2023 година за услугите преку OneID“, со што ја рангираше Банката меѓу Топ финансиските иноватори во светот. (more…)
Домашни банки
Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка нема да работат на 2 јуни 2023 година

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје нема да работат на 2 јуни (петок) 2023 година заради празнување на Духовден. (more…)
Домашни банки
Финансиска поддршка од Комерцијална банка за ново издание на турнирот во мал фудбал „Тоше Проески“

Меѓународниот турнир во мал фудбал „Тоше Проески“ во Крушево и годинава, со финансиска поддршка од Комерцијална банка, собра на едно место спортски екипи од повеќе држави во чест и спомен на музичката легенда. (more…)
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Стопанска Банка а.д. Битола
- Платежни картичкипред 1 month
VISA TRAVEL – нова кредитна платежна картичка на Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 1 month
ПРВ КВАРТАЛ ОД СОНИШТАТА ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – добивката зголемена за речиси 100%!
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје