Connect with us

Форекс

Петкратно поголем интерес од инвеститорите за македонската еврообврзница издадена на 700 милиони евра со камата од 3,675%

Објавено

на

Република Северна Македонија ја издаде седмата еврообврзница во износ од 700 милиони евра. Рочноста на еврообврзницата е 6 години, додека каматната стапка по која е издадена изнесува 3,675%, што е втора најниска камата, веднаш по еврообврзницата издадена во 2018 година. Ова ја покажува довербата на инвеститорите во македонската економија и политики, ако се земе предвид дека оваа обврзница се издава во време Covid-19 кризата – најголемата економска криза после Големата депресија, кога сите економии, вклучително и светските економски сили, излегуваат на меѓународниот пазар на капитал за да обезбедат средства за финансирање на потребите за кризата.

Исто така, интересот на странските инвеститори за македонската еврообврзница беше 5 пати поголем од износот кој беше издаден. Ова е уште еден податок, покрај поволната каматна стапка, што укажува на доброто позиционирање кај странските инвеститори и нивната доверба во земјава. Ова се должи на макроекономската и финансиска стабилност, како и нашата посветеност и успехот постигнат последниве години во евроатланските интеграции.

Со издавањето на еврообврзницата и заемот од Меѓународниот монетарен фонд во износ од 176 милиони евра и заемите од Светска банка во износ од 140 милиони евра и од Европската унија од 160 милиони евра кои се преговараат и се извесни, се затвора финансиската конструкција за потребите годинава, односно дефицитот проектиран на 6,8% од БДП со ребаланс, обврските по основ на стари долгови од 705 милиони евра. Дополнително, се обезбедуваат и сигурносни средства за справување со евенутален повторен шок и зависно од развојот на настаните делумно финансисрање на потребите за следната година.

Земјава на меѓународниот пазар на капитал има излезено 7 пати досега, вклучувајќи ја и денешната издадена еврообврзница. Првата еврообврзница е издадена во 2005 година, потоа 2009, 2014, 2015, 2016, 2018 и сега во 2020 година. Најниска камата од 2,75% има еврообврзницата од 2018 година, додека највисока во 2009 година од 9,875%, но мора да се напомене дека тоа е во време на светска економска криза.

Форекс

Новите измени на Правилата за котација на Македонска берза, тема на три работилници со котираните компании

Објавено

на

На 22 и 23 септември, преку online платформата ZOOM, Берзата организираше три работилници на кои беа поканети сите 100 котирани компании во врска со имплементацијата на новите измени на Правилата за котација. Целта на работилниците беше детална презентација и дополнителни појаснувања поврзани со новите Правила за котација што стапија на сила на 21 септември. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Инвеститорскиот ден ги однесе акциите на Македонска берза во зелена зона

Објавено

на

Кризата предизвикана од вирусот Ковид-19 полека но сигурно се наминува, а за Македонската берза може да се каже дека таа е веќе минато. Акциите кои котираат на берзата ја стабилизираа својата вредност, по високиот пад што го бележеа додека коронавирусот енормно ги рушеше сите светски берзи, вклучително и нашата. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Што донесе „Инвеститорскиот ден” на Македонска берза?

Објавено

на

На „Инвеститорскиот ден“ на Македонска берзата кој се одржа на 18.09.2021 година по повод 25 години од основачкото собрание на Берзата, се склучија вкупно 339 трансакции што е убедливо најголем број на трансакции од јуни до денес. Вториот најголем број на трансакции на дневно ниво во овој период е 169, а просечниот дневен број на трансакции изнесува 62 трансакции. (more…)

Продолжи со читање

Популарно