Connect with us

Компании

Петер Скварча нов член на Надзорниот одбор на Сава пензиско друштво а.д. Скопје

Објавено

на

Сава пензиско друштво а.д. Скопје преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во Надзорниот одбор на компанијата.

„Врз основа на член 166-б став 1 алинеја 4 од Законот за хартии од вредност Ве известуваме за извршена промена во Надзорниот одбор на Сава пензиско друштво а.д. Скопје. Во Централниот регистар на Република Северна Македонија извршен е упис на Петер Скварча за член на Надзорен одбор, по дадено одобрение од страна на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување. Извршен е упис на Претседател на Надзорен одбор, за претседател е избран постојниот член Павел Гојкович”, се вели во соопштението на Друштвото.

Надзорниот одбор на Сава пензиско друштво а.д. Скопје во моментов го сочинуваат:

  • Павел Гојкович, Претседател на Надзорен одбор;
  • Д-р Мојца Горњак, член на Надзорен одбор;
  • Петер Скварча, член на Надзорен одбор;
  • Гоце Христов, независен член на Надзорен одбор;

Компании

ЕОС Груп истражување: Инфлацијата и енергетската криза создадоа загриженост за финансиската иднина кај граѓаните во Европа

Објавено

на

Околу 47% од потрошувачите во Европската Унија и земјите од Југоисточна Европа се загрижени за својата финансиска иднина, покажува истражувањето на потрошувачите што го спроведе Групацијата ЕОС („EOС Group“). Истражувањето е спроведено во првата половина од 2023 година во земјите членки на Европската Унија, Швајцарија и земјите од Југоисточна Европа. Главни причини за ваквиот тренд се високата инфлација која ги зголеми трошоците за живот и енергетската криза, која минатата година донесе историски највисок раст на цените. Најмногу како резултат на овие два фактора, 53% од испитаниците одговориле дека станале повеќе ценовно чувствителни, а 44% од нив купувале производи на распродажба, односно со пониски цени, додека 33% избегнувале непотребни трошоци и ја намалиле личната потрошувачка. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Групацијата Иуте ги објавува неревидираните резултати за првата половина од 2023 година

Објавено

на

Иуте групацијата со седиште во Талин-Естонија, водечка европска групација за лични финансии, неодамна од Иутекредит се ребрендираше во Иуте, посочувајќи дека отсега па натаму обемот на работа и услуги на пазарот оди надвор од рамките на кредитирање и ќе вклучува услуги за плаќање, банкарство и осигурување. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Оглас за вработување во Штедилница Можности

Објавено

на

Градете ја својата кариера и развивајте се како професионалец во областа на кредитирање и финансии со Штедилница Можности. Ако се идентификувате со визијата и мисијата на компанијата и ве интересира кредитирање и финансии,
Штедилница Можности вработува: (more…)

Продолжи со читање

Популарно