Connect with us

Домашни банки

Петер Зелен реименуван за член на Управниот одбор на НЛБ Банка

Објавено

на

НЛБ Банка АД Скопје преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување на Банката.

„Ве известуваме дека на ден 23.11.2021 година од страна на Народната Банка на Република Северна Македонија е издадено Решение со кое се издава претходна согласност Г-дин Петер Зелен да биде ре-именуван за член на Управниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје со мандат од 4 (четири) години почнувајќи од 03.01.2022 година.”, се вели во соопштението на НЛБ Банка АД Скопје.

Сегашниот состав на Одборот на директори на НЛБ Банка АД Скопје го сочинуваат:

  • Антонио Аргир – Претседател на Управен одбор
  • Петер Зелен – Член на Управен одбор
  • Гинтер Фриедл – Член на Управен одбор
  • Игор Давчевски – Член на Управен одбор

*Антонио Аргир, функцијата Претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје ќе ја извршува до крајот на тековната година, а потоа Бранко Грегановиќ ќе биде нов Претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка.

Домашни банки

Халкбанк со поддршка од матичната банка од Турција го зголеми капиталот за нови 30 милиони евра

Објавено

на

Халкбанк официјално изврши зголемување на капиталот за нови 30 милиони евра, што претставува поддршка од главниот акционер на банката – Халкбанк АШ Турција за зајакнување на банкарскиот капитал во земјата. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Развојна банка со нето-профит од 45 милиони денари во првото полугодие на 2022 година

Објавено

на

Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје (РБСМ) соопшти дека и во првата половина од 2022 година оствари позитивни резултати, ставајќи го целиот свој финансиски и оперативен капацитет во функција на остварување на основната цел за која е формирана – поддршка на развојот на македонското стопанство во согласност со стратешките политики, цели и приоритети на државата. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Шпаркасе Банка со нова експозитура во Маџари!

Објавено

на

Шпаркасе Банка АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека на 08.08.2022 година ќе започне со работа новата експозитура во населба Маџари. (more…)

Продолжи со читање


Популарно